Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами со високите цени – Дизелот поскапе, следат повисоки цени во маркетите

    СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами со високите цени – Дизелот поскапе, следат повисоки цени во маркетите

    17.07.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Новото поскапување на дизелот неминовно ќе предизвика нов бран поскапувања на храната и основните производи, наведува СДСМ во соопштение.

    -Транспортот е директно поврзан со цената на горивата, а земјоделството во голема мера зависи од дизелот. Тоа значи дека ќе растат цените во маркетите, на пазарите, на овошјето, зеленчукот и на сите основни прехранбени производи. А пота нема да се вратат назад. Економскиот колапс е пред врата. Владата на Христијан Мицкоски не направи ништо за да го ублажи ударот врз граѓаните, велат од опозициската партија.

    Според нив, без разлика дали тоа е резултат на неспособност или на целосна незаинтересираност, последиците ги плаќаат работниците, пензионерите, земјоделците и сите семејства.

    -Владата нема слух ниту за работниците. И покрај барањата на синдикатите, не само што нема договор за зголемување на минималната плата на 600 евра, туку Владата одби и воопшто да разговара. Дополнително, веќе две и пол години нема зголемување на ниту едно социјално право. Без покачување останаа надоместоците за лицата со попреченост, гарантираната минимална помош за најранливите граѓани, како и социјалната пензија за старите лица на кои тоа им е единствениот приход. Последиците од погрешните политики се видливи секој ден. Синдикалната потрошувачка кошничка за две години е поскапена за околу 10.000 денари и веќе надминува 70.000 денари. Граѓаните со празни џебови и празни фрижидери сè потешко го преживуваат месецот, стои во соопштението на СДСМ.

    Велат дека наместо да ја смени економската политика и да воведе мерки за намалување на ценовниот удар, Мицкоски се обидува да ја смени пресметката на трошоците за живот. Наместо решенија, манипулации.

    -Економијата тоне, буџетот е празен, животниот стандард на граѓаните секој ден се влошува, а Владата на Мицкоски не презема ништо, граѓаните ги остава сами со високите цени/ Затоа што фокусот е на криминални тендери а не на граѓаните, додаваат од СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.