Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бесплатно во Скопје: Документарецот за Голем Град ќе биде прикажан по повод Светскиот ден на змиите

    Бесплатно во Скопје: Документарецот за Голем Град ќе биде прикажан по повод Светскиот ден на змиите

    17.07.2026 во 09:081 Min Read
    МЕД
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод Светскиот ден на змиите, Македонското еколошко друштво вечерва во дворот на Кинотеката на Македонија во Скопје организира бесплатна проекција на документарниот филм „Европа: Еден континент, пет света“, во кој е прикажан и Голем Град во Преспанското Езеро, познат како „Змиски остров“.

    Од МЕД информираат дека проекцијата ќе започне во 20:30 часот, а публиката ќе има можност да ја проследи првата од шесте епизоди на документарниот серијал „Европа“, кој е сниман на повеќе од 50 локации во речиси 30 земји.

    Во филмот посебно внимание е посветено на змијата-рибарка (Natrix tessellata), еден од најкарактеристичните видови на Голем Град. Нејзиното живеалиште го следела меѓународна филмска екипа, со стручна поддршка од херпетологот Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво.

    По завршувањето на проекцијата, Арсовски ќе ги сподели искуствата од снимањето на документарецот, како и сознанијата од долгогодишните истражувања на водоземците и влекачите на островот.

    Од организаторите посочуваат дека филмот е преведен на македонски јазик, погоден е и за најмладата публика, а влезот на проекцијата е бесплатен.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.