Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серија семејни насилства во Македонија: Мајка го малтретирала малолетното дете, истепана сопруга завршила во болница, истепан и маж

    Серија семејни насилства во Македонија: Мајка го малтретирала малолетното дете, истепана сопруга завршила во болница, истепан и маж

    17.07.2026 во 08:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминатите денови полицијата евидентирала повеќе случаи на семејно насилство и физички напади во неколку градови низ државата, при што има приведени лица, поднесени кривични пријави и активни истраги.

    СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С. (38) од тетовско поради сомнение за кривичното дело „телесна повреда“, откако на 31 мај годинава во семејната куќа физички ја нападнал својата 56-годишна мајка.

    ОВР Кратово, пак, поднесе кривична пријава против Ѓ.М. (56) од Кратово поради сомнение за „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 15 јуни таа физички ја нападнала својата 73-годишна сосетка.

    Во Кочани, 75-годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот малолетен внук биле физички и психички малтретирани од нејзината ќерка Б.В.. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

    Во Охрид, полицијата го лишила од слобода В.Т. (61), кој во семејниот дом со остар предмет им се заканувал на членови на своето семејство. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

    Во Скопје, 36-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата партнерка А.П. во нивниот дом на подрачјето на Гази Баба. За случајот се води истрага.

    Во Гостивар, полицијата го приведе А.З. (42), откако неговата 38-годишна сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом. По документирањето на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Уште едно приведување имало во тетовско, каде полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р., по пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата сопруга и нејзиниот татко. И за овој случај ќе следува соодветен поднесок по завршување на постапката.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.