На 16.07.2026 во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.А.(49) од Скопје.
Скопјанецот бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една ипол година, за сторено кривично дело по член 235 ст.1 од КЗ.
С.А. ќе биде спроведен во надлежната казнено поправна установа.

