Close Menu
Press24
    Најново

    Дурмиши по седницата на ЕСС: Преку партнерство до решенија за економски раст, подобри услови за работа и животен стандард

    16.07.2026 во 18:21

    Џеј Ди Венс: Дел од израелската влада се обидувала да влијае врз американското јавно мислење за договорот со Иран

    16.07.2026 во 18:00

    Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож

    16.07.2026 во 17:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дурмиши по седницата на ЕСС: Преку партнерство до решенија за економски раст, подобри услови за работа и животен стандард
    • Џеј Ди Венс: Дел од израелската влада се обидувала да влијае врз американското јавно мислење за договорот со Иран
    • Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
    • Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
    • Средба Сиљановска-Давкова – Бројер: Потврдена силната соработка со Германија
    • Продлабочување на партнерството: Средба на Африм Гаши со Никол Варнес
    • Хорор во Сараево: Со лопата ги убил братот и мајката, па ја обезглавил
    • Трговците ги пумпале цените и си ги зголемувале профитите додека набавните цени паѓале
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши по седницата на ЕСС: Преку партнерство до решенија за економски раст, подобри услови за работа и животен стандард

    Дурмиши по седницата на ЕСС: Преку партнерство до решенија за економски раст, подобри услови за работа и животен стандард

    16.07.2026 во 18:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Само преку партнерство и заедничко креирање политики можеме да донесеме решенија што ќе придонесат за стабилен економски раст, подобри услови за работа и повисок животен стандард на граѓаните – порача по денешната седница на Економско-социјалниот совет министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

    Економско-социјалниот совет ја усвои годишната програма за работа за 2026 година и ги разгледа предлог-законот за високото образование и предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката.

    Со годишната програма е утврдена динамиката на работа и се поставени приоритетите за темите што ќе бидат предмет на социјален дијалог меѓу Владата, синдикатите и организациите на работодавачите. Меѓу нив, како што изјави Дурмиши, се политиките за вработување, минималната плата, потрошувачката кошничка, работните односи, безбедноста и здравјето при работа, младинските политики, продуктивноста, како и други прашања, кои директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и конкурентноста на македонската економија.

    Дурмиши посочи дека предлог-законот за високото образование и предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката посветуваат значително внимание на поврзувањето на високото образование со реалните потреби на стопанството.

    – Денешниот пазар на труд бара современи знаења, практични вештини и поголема усогласеност меѓу образовниот систем и потребите на работодавачите. Токму затоа ваквите реформи претставуваат важен чекор кон создавање поквалитетен човечки капитал, повисока вработливост на младите и посилна конкурентност на нашата економија – изјави Дурмиши.

    Економско-социјалниот совет, наведе Дурмиши, и понатаму ќе остане главната платформа за отворен, инклузивен и аргументиран дијалог меѓу Владата, работниците и работодавачите. Само преку партнерство и заедничко креирање политики можеме да донесеме решенија што ќе придонесат за стабилен економски раст, подобри услови за работа и повисок животен стандард на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО+ФОТО: Царината со голема заплена – Спречи шверц на 2.000 вијали со медицински раствор

    16.07.2026 во 11:30

    До 55.000 денари поддршка за гасификација на домаќинствата во Куманово

    16.07.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.