Close Menu
Press24
    Најново

    Трговците ги пумпале цените и си ги зголемувале профитите додека набавните цени паѓале

    16.07.2026 во 16:16

    Дурмиши: Образованието мора да се прилагоди на пазарот на труд за подобар животен стандард

    16.07.2026 во 15:51

    Измама во Скопје: Лажен службеник му „здиплил“ 28.700 евра

    16.07.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трговците ги пумпале цените и си ги зголемувале профитите додека набавните цени паѓале
    • Дурмиши: Образованието мора да се прилагоди на пазарот на труд за подобар животен стандард
    • Измама во Скопје: Лажен службеник му „здиплил“ 28.700 евра
    • Службеник од ФЗО давал податоци за да крадат идентитети: Обвинение за измами со брзи кредити
    • Тетовец мртов пијан со нож се обидел да ограби казино
    • Судијата Наумовски поднел оставка без да го извести претседалот на Уставниот суд, Костадиновски дознал од Гаши
    • Државата ќе го средува патот кај Теферич, Град Скопје и Кисела Вода немаат капацитет
    • Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси: В понеделник ќе се знае сѐ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трговците ги пумпале цените и си ги зголемувале профитите додека набавните цени паѓале

    Трговците ги пумпале цените и си ги зголемувале профитите додека набавните цени паѓале

    16.07.2026 во 16:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Контролите спроведени од страна на Државниот пазарен инспекторат за повеќе од 700 производи на терен покажаа сериозни отстапувања во формирањето на цените кај трговците на мало. Според официјалните податоци за периодот од мај 2025 до мај 2026 година, додека просечниот раст на набавните цени на основните прехранбени артикли и хигиенски средства изнесувал 2,66 отсто, крајните продажни цени во маркетите скокнале за дури 4,56 проценти.

    Ваквите официјални наоди денеска ги презентираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, по завршувањето на седницата на Економско-социјалниот совет. Тој јавно ги лоцираше причините за високите трошоци со кои се соочуваат граѓаните, посочувајќи дека трговците свесно ги зголемувале своите маржи и не ги намалувале цените на рафтовите дури и во периоди кога ги набавувале производите поевтино.

    За да се стави крај на ваквите пазарни деформации, министерот најави итни чекори уште на почетокот на претстојната недела, кога на иста маса ќе седнат сите клучни чинители во синџирот на снабдување.

    Дурмиши во својот одговор до медиумите детално ја образложи математиката на пазарните инспектори и најави итни средби:

    „Тоа значит дека дел од растот на малопродажните цени на прехранбените производи и другите производи се зголемуваат поради бруто-профитната маржа која што одредени трговци ја зголемиле оваа година, односно кога се намалиле набавните цени, они не ги намалиле своите цени, рече Дурмиши. Тој додаде дека за понеделник е закашан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните цени и набавните цени на големите количини.“

    Пад на инфлацијата и смирување на маржите во последните месеци

    И покрај годишниот раст на цените предизвикан од профитите на трговците, министерот за економија и труд се повика на најновите пресметки од Државниот завод за статистика, според кои трендот конечно почнува да се стабилизира.

    Како што појаснува Дурмиши, последниот квартален пресек покажува многу помирна состојба на пазарот во споредба со претходниот период.

    „Дурмиши посочи дека најновите податоци од Државниот завод за статистика се дека овој месец имаме намалена инфлација за 0,5 проценти, што значит дека по неколку месеци веќе имаме намалување на инфлацијата, а тоа е – цените на храна и безалкохолни пијалаци се намалени за 1,1 проценти, а транспортот за 1,6 проценти.

    • Од друга страна, најновата анализа што е направена, исто така за периодот март-јуни 2026 година, покажува поинаков тренд кај производителите, односно набавните цени пораснале за околу 2,04 проценти, додека продажните цени се зголемиле за само 0,16 проценти. Тоа значи дека трендот на зголемување на бруто-профитната маржа крајните месеци е намален и цените се во стабилна фаза. И за една година, како што кажав и во говорот, се зголемила само бруто-профитната маржа од страна на трговците, но тоа не е за овие крајните месеци. Крајните месеци, од март до јуни годинава, имаме само 0,16 проценти зголемување на бруто-профитната маржа, што покажува дека е во стабилна состојба, рече Дурмиши.“

    Прочитај повеќе

    Дурмиши: Образованието мора да се прилагоди на пазарот на труд за подобар животен стандард

    16.07.2026 во 15:51

    Измама во Скопје: Лажен службеник му „здиплил“ 28.700 евра

    16.07.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.