Од Националниот Парк Галичица информираа за забележана мечка и апелираа граѓаните да внимаваат.
-Според информациите со кои располагаме, денес од страна на туристи е забележана мечка во реонот над селото Горно Коњско.
Ги повикуваме жителите, посетителите, планинарите, како и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа.
Доколку сте во контакт со локалното население или со лица кои престојуваат или работат во ова подрачје, ве молиме пренесете ја оваа информација со цел навремена претпазливост.
Ви благодариме за соработката, стои во соопштението на Националниот Парк.

