Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица обвинува: Пропадна изборната реформа, најголемите партии ќе поделат 10 милиони евра

    Левица обвинува: Пропадна изборната реформа, најголемите партии ќе поделат 10 милиони евра

    16.07.2026 во 10:07Updated:16.07.2026 во 10:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони евра јавни средства, се наведува во соопштението од ПП Левица.

    -Во текот на целиот процес, Левица беше единствената партија што доследно инсистираше на суштинските изборни реформи – една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање. Наместо да се разговара за темите од лидерската средба и поради кои беше формирана Работната група, теми кои претставуваат вистинска демократизација на изборниот процес, ДПМНЕ во самиот финиш ја отвори темата за гласањето на дијаспората и ја прогласи за своја единствена црвена линија. Прашање што воопшто не беше предмет на четиримесечната работа на Работната група. Особено лицемерно е што токму една изборна единица беше едно од клучните ветувања на ДПМНЕ. За неа говореше и самиот Мицкоски, а е запишана и во програмата на партијата. Наместо да ја реализираат реформата што им ја ветуваа на сопствените гласачи, ДПМНЕ ја оттурна на страна и ја замени со тема што никогаш не беше предмет на разговорите во Работната група, велат од Левица.

    Додаваат дека за да не дозволи суштинските реформи повторно да пропаднат поради политички условувања, Левица понуди компромис. Прифативме гласањето по пошта да се примени за претседателските избори, доколку ДПМНЕ прифати една изборна единица. Со тоа падна во вода единствениот изговор дека токму дијаспората е пречката за нов Изборен законик.

    -Откако ДПМНЕ ја префрли одговорноста врз опозицијата, Левица ја презеде иницијативата и ги повика сите опозициски политички субјекти на координативна средба за усогласување на ставовите околу една изборна единица. СДСМ одби да присуствува, без притоа да каже дали воопшто сè уште стои зад СОПСТВЕНИТЕ долгогодишни заложби за една изборна единица. Затоа – нема нов Изборен законик. Нема една изборна единица. Нема укинување на платеното политичко рекламирање. Останува истиот изборен модел што со децении создава изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и финансиска предност за најголемите политички партии. Додека јавноста слуша за изгубени европски средства, никој од ДПМНЕ и СДСМ не зборува дека со останувањето на стариот Изборен законик повторно ќе остане во сила системот преку кој најголемите партии ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Левица уште во Работната група предложи укинување на платеното политичко рекламирање, затоа што не прифаќаме државата со јавни пари да создава привилегирани и непривилегирани политички партии. Нашиот став беше јасен – ако нема еднакви услови за сите политички субјекти, тогаш не треба да има платено политичко рекламирање за никого. Или еднакви правила за сите, или јавни пари за никого, велат тие.

    Ако со пропаѓањето на новиот Изборен законик повторно остануваат шесте изборни единици што ги фаворизираат најголемите партии и системот преку кој истите тие партии ќе поделат околу 10 милиони евра за платено политичко рекламирање, тогаш кому навистина му одговараше да нема изборна реформа?

    Истекот на рокот не ја ослободува власта од одговорност. Нов Изборен законик може да се донесе и утре, доколку постои политичка волја. Левица ќе продолжи да ја бара таа реформа сѐ додека изборните правила не престанат да бидат пишувани според интересите на политичките картели.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.