Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови жаришта на сипаници кај овци и кози – АХВ уверува дека нема ризик за здравјето на луѓето

    Нови жаришта на сипаници кај овци и кози – АХВ уверува дека нема ризик за здравјето на луѓето

    16.07.2026 во 09:551 Min Read
    АХВ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во земјава од почетокот на јули се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Болеста е регистрирана во одгледувалишта во Саса, Македонска Каменица, село Соколарци во општина Чешиново-Облешево, село Бигла во Делчево, селата Малино и Косевица во Свети Николе, како и во село Сопот во општина Куманово.

    Според податоците на АХВ, во моментов има вкупно 17 потврдени жаришта, при што заболени се над 2.700 животни. Болеста е потврдена во 15 одгледувалишта на овци и две одгледувалишта на овци и кози. Првото жариште годинава беше регистрирано во јануари во село Лопате, општина Куманово.

    Од АХВ информираат дека ќе продолжи депопулацијата на животните во новите жаришта, откако ќе бидат обезбедени согласности за локации за нивно закопување. Досега се извршени мерки за депопулација на повеќе од 1.400 животни, а последната интервенција била спроведена во село Сопот, Куманово.

    Агенцијата одржала и средба со здруженија на одгледувачи на овци, на која била разгледана актуелната епидемиолошка состојба, проблемите со кои се соочуваат сточарите и мерките за спречување на ширењето на болеста.

    Одгледувачите биле информирани и за потребните биосигурносни мерки, како и за начинот на навремено пријавување на сомнителни случаи до надлежните служби.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.