Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УХМР предупредува: Влажното време создава услови за штетници и растителни болести

    УХМР предупредува: Влажното време создава услови за штетници и растителни болести

    16.07.2026 во 09:252 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дождот што изминатите денови зафати делови од земјава ќе придонесе за зголемување на влагата во почвата, но истовремено создава услови за појава на растителни болести и штетници. Агрометеоролозите апелираат земјоделците редовно да ги контролираат посевите и навреме да преземат мерки за заштита.

    Според УХМР, топлото и суво време во изминатиот период им одговараше на земјоделците за завршување на жетвата на јачменот и пченицата, која во делови од земјава веќе е завршена.

    Поголем дел од земјоделските култури се наоѓаат во фаза на берба, додека кај одредени култури продолжува интензивниот развој. Кај компирот, на места е актуелна фазата на цветање и формирање клубени, поради што се потребни соодветно наводнување, прихрана и заштита од болести и штетници.

    Градинарските култури се во период на интензивен раст и имаат зголемена потреба од вода, а недостигот во критичните фази може значително да влијае врз приносот. Овошките се во фаза на растење и зреење на плодовите, а дел од нив веќе се во период на берба.

    Виновата лоза останува особено чувствителна на појава на болести како пламеница, пепелница и сиво гниење, како и на штетници, меѓу кои и сивиот гроздов молец. Влажните временски услови се поволни за нивно појавување, поради што се препорачува зголемено внимание кај насадите.

    УХМР предупредува и на внимателност при појава на електрични празнења, избегнување престој на отворен простор, како и преземање превентивни мерки за заштита на пластениците и другите конструкции. Земјоделците се советуваат да ги исчистат одводните канали за полесно одведување на површинските води.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.