Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на министерски состанок во Вашингтон – Средби со американски претставници

    Муцунски на министерски состанок во Вашингтон – Средби со американски претставници

    16.07.2026 во 08:031 Min Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска заминува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде ќе учествува на меѓународна министерска конференција посветена на борбата против политичкиот тероризам. Настанот се одржува на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио.

    Конференцијата ќе собере претставници на повеќе од 60 држави, кои ќе разговараат за зајакнување на меѓународната соработка во справувањето со тероризмот, спречувањето на радикализацијата и одговорот на новите безбедносни предизвици.

    Во своето обраќање, Муцунски ќе ги претстави активностите што земјава ги спроведува во превенцијата на насилниот екстремизам и радикализацијата, како и мерките за унапредување на законската и институционалната рамка во оваа област.

    За време на престојот во Вашингтон, предвидени се и билатерални средби со американски претставници. Според најавите, министерот ќе се сретне со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар на САД задолжен за Западна, Централна и Јужна Европа, при што ќе се разговара за актуелните безбедносни и билатерални прашања.

    Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија оценуваат дека конференцијата претставува можност за продлабочување на партнерството со Соединетите Американски Држави и со останатите меѓународни сојузници во областа на безбедноста.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.