Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средби со државниот и воениот врв: Македонија домаќин на началникот на германскиот Генералштаб

    Средби со државниот и воениот врв: Македонија домаќин на началникот на германскиот Генералштаб

    16.07.2026 во 08:011 Min Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, денеска ја започнува дводневната официјална посета на Македонија, при што ќе оствари повеќе средби со државниот и воениот врв.

    Според агендата, германската делегација најпрво ќе биде пречекана во Генералштабот на Армијата со воени почести. Потоа ќе следуваат билатерални разговори меѓу генералот Бројер и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски.

    По состанокот на двете воени делегации, предвидено е генералите Лафчиски и Бројер да се обратат на заедничка прес-конференција.

    Во текот на посетата, германскиот генерал ќе има средби и со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, како и со премиерот Христијан Мицкоски.

    Посетата е дел од продолжувањето на одбранбената соработка и партнерските односи меѓу Македонија и Германија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта

    25.08.2026 во 22:42

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.