Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Буџетот за 2025 и повеќе законски измени пред пратениците

    Буџетот за 2025 и повеќе законски измени пред пратениците

    16.07.2026 во 07:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска ќе ја продолжи работата по 111. пленарна седница, на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и кадровски одлуки.

    Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, како и за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање. Пред нив ќе се најде и Завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.

    На дневниот ред се и измените на Законот за студентскиот стандард по скратена постапка, како и неколку законски решенија од областа на високото образование и науката, меѓу кои законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и науката и за научноистражувачката дејност, сите во прво читање.

    Пратениците ќе ја разгледаат и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2026–2030 година, како и предлозите за избор на членови на Советот за граѓански надзор и за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

    Во рамки на седницата ќе бидат разгледани и годишните извештаи на повеќе институции, меѓу кои Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Државниот завод за ревизија, како и извештајот за состојбата на осигурителниот пазар во 2025 година.

    На дневен ред, по скратена постапка, се и измените на законите за супервизија на осигурување, за автокампови и за енергетика.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.