Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ЕУ бара фер избори и реформи, не Изборен законик по мерка на една партија

    СДСМ: ЕУ бара фер избори и реформи, не Изборен законик по мерка на една партија

    15.07.2026 во 08:24Updated:15.07.2026 во 09:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација. Европската Унија не бара промена на Изборниот законик по мерка на една партија. ЕУ бара кредибилни, фер и транспарентни избори, независно судство и борба против корупцијата, се наведува во соопштението од СДСМ.

    -Токму тоа е она што ВМРО-ОКГ со години го блокира. Иако подобрувањето на изборното законодавство е дел од пошироката реформска агенда, конкретните решенија кои во моментов ги турка власта не се обврска кон Европската унија ниту претставуваат услов за напредок во преговарачкиот процес.  Ова се нивни сопствени предлози, а не европски, велат од опозициската партија.

    Додаваат дека тоа се решенија кои отвораат простор за манипулации и контрола на изборниот процес, особено во делот на гласањето на дијаспората.

    -Наместо да се занимаваме со тоа како да се заштити  волјата на граѓаните, се врши притисок да се прифатат решенија кои овозможуваат изборна кражба.  Тоа не е напредок кон ЕУ, тоа е чекор назад кон недемократски практики, што нè враќаат во времето на Груевски. Вистинската блокада на европскиот пат не доаѓа од опозицијата. Таа доаѓа од ВМРО-ОКГ, која веќе две години не спроведува суштински реформи и ја држи Македонија во изолација. Фер избори се предуслов за ЕУ, а не закон напишан за да се обезбеди предност за власта.  Сè друго е обид да се прикрие сопствената неспособност и корупција зад европската агенда, велат СДСМ во соопштение упатено до јавноста.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.