Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ново име во Владата: Ерџан Демир избран за министер без ресор

    Ново име во Владата: Ерџан Демир избран за министер без ресор

    14.07.2026 во 08:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ерџан Демир е избран за нов министер без ресор на 112. седница на Собранието, посветена на реконструкцијата на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

    Демир доаѓа од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а на функцијата го наследува досегашниот министер без ресор Шабан Салиу, кој претходно беше разрешен.

    Новиот министер во периодот од 2025 до 2026 година ја извршувал функцијата национален координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики за немнозинските заедници во Владата.

    Од 2021 до 2025 година бил член на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, а претходно, од 2007 до 2021 година, работел како проектен менаџер во Здружението на граѓани за едукација и советување на млади „ФИЛЕО“ – Скопје.

    Во својата професионална кариера бил и координатор за производство во „Фантази Мебел“ – Скопје, управител на компанијата за автопревоз „Шалом“ – Скопје, како и координатор за производство во „Архикон“ – Скопје.

    Демир е дипломиран економист, со завршено високо образование на Економскиот факултет при Европскиот универзитет – Скопје.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта

    25.08.2026 во 22:42

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.