Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Вие немате кредибилитет да зборувате за Европа

    12.07.2026 во 13:49

     СДСМ: Бројките не полнат фрижидери

    12.07.2026 во 13:30

    Левица утре ќе ги состане опозициските партии за усогласување на ставовите за Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица

    12.07.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Вие немате кредибилитет да зборувате за Европа
    •  СДСМ: Бројките не полнат фрижидери
    • Левица утре ќе ги состане опозициските партии за усогласување на ставовите за Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица
    • ​Викендов „Соседски патроли“ низ општина Кисела Вода: Заедно за поголема безбедност на младите
    • Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
    • Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа
    • (ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ѝ кажа збогум на Европа затоа што се плаши од независно судство и одговорност
    • Бујар Османи објави фотографија од протестот во Тетово: Обичните граѓани се собраа да го одбранат своето достоинство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Вие немате кредибилитет да зборувате за Европа

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Вие немате кредибилитет да зборувате за Европа

    12.07.2026 во 13:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ.

    СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја  да го испорачаат тоа што ветиле и се договарале.

    СДС е партијата која седум години ја убедуваше јавноста дека сите отстапки ќе донесат брз влез во Европската Унија.

    Наместо тоа, државата не ги започна преговорите, а граѓаните добија разочарување, економска стагнација и масовно иселување.

    СДС во недостаток на визија наместо да понуди идеи и решенија, продолжува со навреди, етикетирања и неосновани обвинувања.

    Тврдењата на Богданка Кузеска дека ВМРО-ДПМНЕ е против европската иднина на Македонија се целосно неточни.

    ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во Европската Унија, но врз основа на достоинство, заемно почитување и заштита на националните интереси, а не преку прифаќање на нови понижувања и условувања.

    Денес, кога Владата на ВМРО ДПМНЕ работи на реформи, економски развој и враќање на довербата во институциите, СДС повторно се обидува да ја злоупотреби европската агенда за теснопартиски цели.

    Европската интеграција не смее да биде алиби за политички манипулации, туку процес заснован на реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.

    ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за европска Македонија со силни институции, развиена економија и подобар животен стандард за сите граѓани, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

     СДСМ: Бројките не полнат фрижидери

    12.07.2026 во 13:30

    Левица утре ќе ги состане опозициските партии за усогласување на ставовите за Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица

    12.07.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.