Close Menu
Press24
    Најново

    ​Викендов „Соседски патроли“ низ општина Кисела Вода: Заедно за поголема безбедност на младите

    12.07.2026 во 13:13

    Почина американскиот сенатор Линдзи Греам

    12.07.2026 во 12:55

    Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа

    12.07.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ​Викендов „Соседски патроли“ низ општина Кисела Вода: Заедно за поголема безбедност на младите
    • Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
    • Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа
    • (ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ѝ кажа збогум на Европа затоа што се плаши од независно судство и одговорност
    • Бујар Османи објави фотографија од протестот во Тетово: Обичните граѓани се собраа да го одбранат своето достоинство
    • Филипче: Оваа Влада ги уништи оризопроизводителите
    • Филипче за Петровден на базар: Се воодушевив од талентот на занаетчиите
    • МВР во акција: Спасивме тројца планинари од Шар Планина – беа изгубени и заглавени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ​Викендов „Соседски патроли“ низ општина Кисела Вода: Заедно за поголема безбедност на младите

    ​Викендов „Соседски патроли“ низ општина Кисела Вода: Заедно за поголема безбедност на младите

    12.07.2026 во 13:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од МВР – Одделението за превенција, полициските станици Кисела Вода и Драчево, претседателот на Советот, советниците, директорите на основните училишта, претставниците на советите на родители и наставници, како и општинската администрација, викендов, во вечерните часови, реализираше заеднички превентивни активности преку проектот „Соседска патрола“.

    Во петокот и саботата, заеднички беа посетени локациите во непосредна близина на училиштата, парковите, спортските игралишта и местата за кои граѓаните имаат потенцирано дека навечер најчесто се собираат младите.Целта на овие активности не беше санкционирање, туку пред сè разговор, советување и превенција. Преку директни и непосредни разговори со младите, им беше укажано на важноста од одговорно однесување во јавниот простор, меѓусебното почитување и зачувувањето на јавниот ред и мир. Посебен акцент беше ставен на ризиците од меѓуврсничкото насилство, злоупотребата на алкохол и другите штетни навики кои водат кон девијантни појави.

    – Безбедна општина се гради со партнерство, доверба и постојана комуникација меѓу институциите, училиштата, родителите и граѓаните. Сите сме насочени кон унапредување на јавната безбедност, а нашата цел преку овие средби е превентивно да делуваме и да разговараме со младите. Ќе продолжиме и понатаму со вакви активности, затоа што наш апсолутен приоритет се безбедноста, сигурноста и здравото растење на нашите деца и млади. Заедно градиме побезбедна, похумана и поодговорна Кисела Вода- изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

    Прочитај повеќе

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница

    11.07.2026 во 14:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.