Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Младеновска: Тошковски – криминалец преку прозорец ти избега од полициска станица, дај си оставка

    12.07.2026 во 11:37

    СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори – ќе ги распише крајот на оваа година

    12.07.2026 во 11:33

    Петровден: Тивката, дискретна и милозлива сопруга, која стои зад делата на св. Петар и која го придружувала на неговите патувања

    12.07.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Младеновска: Тошковски – криминалец преку прозорец ти избега од полициска станица, дај си оставка
    • СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори – ќе ги распише крајот на оваа година
    • Петровден: Тивката, дискретна и милозлива сопруга, која стои зад делата на св. Петар и која го придружувала на неговите патувања
    • Спасувачка акција на Матка: Извлечен турист – се изгубил кај пештерата Врело
    • И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“
    • Рама: Албанија нема да стави вето на Северна Македонија кон процесот на проширување на ЕУ
    • Локализиран големиот пожар кај Валандово
    • СДСМ: Оризот скапува по амбарите – Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откуп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Младеновска: Тошковски – криминалец преку прозорец ти избега од полициска станица, дај си оставка

    (ВИДЕО) Младеновска: Тошковски – криминалец преку прозорец ти избега од полициска станица, дај си оставка

    12.07.2026 во 11:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција јавно го обвини министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за нов, тежок скандал во МВР. Таа обелодени дека познатиот криминалец Александар Лазаров, со прекар Цуна, кој и претходно бил осудуван за трговија со дрога, успеал да побегне низ прозорец од полициската станица во Кочани. Младеновска остро реагираше на овој настан, посочувајќи дека ваквите пропусти се доказ за целосен крах во безбедносниот систем.

    „Ако наркодилери можат слободно да бегаат од полициска станица што значи тоа? Тотален распад. Швајцарско сирење. Тоа е сликата за денешната партизираната полиција која наместо да ги гони, ги штити криминалците на власт“, изјави таа.

    Според Младеновска, овој случај отвора сериозни сомнежи за пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО-ДПМНЕ со криминалци на секое ниво. Таа упати низа прашања до МВР и побара одговори за евентуална поврзаност на бегалецот со лица од власта.

    „Има ли барем малку грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот Цуната, кој се поврзува и со дискотеката ‘Пулс’ во Кочани? Каква е поврзаноста на Цуната со началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, поставен од Тошковски? Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него? Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој намерно го пуштил?“, запраша членката на Извршниот одбор на СДСМ.

    Таа додаде дека доколку обвинителството веќе подготвувало предлог за притвор, тогаш случајот е уште посериозен и бара итна и темелна истрага, но пред сè одговорност, бидејќи во секоја нормална држава ваков случај би значел оставки. Потсетувајќи на минатите пропусти, Младеновска упати остра критика директно до првиот човек на полицијата:

    „Овој скандал му се случува на истиот оној Панче Тошковски на кого му поминаа пет тони дрога преку македонската граница без никој да понесе одговорност. На истиот оној Панче Тошковски за време на чиј мандат криминалци бегаа преку граница кога сакаат. На истиот оној Тошковски кој ветуваше: ‘Брат да ми е, ќе одговара’, а по две години мандат никој не одговара а криминалнци бегаат од полициска станица.“

    На крајот, таа порача дека СДСМ бара целосно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани службени лица, поставувајќи го прашањето уште колку скандали се потребни за Тошковски конечно да си поднесе оставка.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори – ќе ги распише крајот на оваа година

    12.07.2026 во 11:33

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС шири паника

    12.07.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.