Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ).

    На средбата беше потврдена заедничката определба за успешно спроведување на проектот, кој претставува една од најзначајните инвестиции во модернизацијата на јавниот превоз во Скопје. По преземањето на мандатот, преку интензивна координација со Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, ЕБОР и останатите надлежни институции, беа надминати долгогодишните пречки што го блокираа проектот и беа создадени услови за негова реализација.

    БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, подобрување на квалитетот на воздухот и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

    Воедно, беше нагласено дека проектот нема да се реализира на сметка на постојното булеварско зеленило. Напротив, предвидени се нови зелени површини и дополнително хортикултурно уредување, со што ќе се обезбеди помодерен, позелен и похуман урбан простор.

    Проектот БРТ е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавниот транспорт во Скопје. Паралелно се работи на воведување градски воз во соработка со Министерството за транспорт, набавка на 100 нови автобуси преку Владата и оптимализација на автобуската мрежа, со цел создавање интегриран, функционален и современ систем на урбана мобилност.

    Со финализирањето на овие координации, проектот Брз автобуски превоз влегува во фаза на реализација, претставувајќи значаен чекор кон поефикасен, поодржлив и поквалитетен јавен транспорт за Скопје.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.