Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан

    Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан

    09.07.2026 во 18:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан и очекува целосно и транспаретно разјаснување и утврдување на околностите за случајот од властите во Албанија.

    – Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Македонија на граничниот премин Ќафасан. Пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат. Поради тоа, секое постапување што го засега нивниот авторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на избраните претставници на народот.  Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и транспарентно разјаснување, кое ќе придонесе не само за целосно утврдување на околностите на овој случај, туку и за зачувување на меѓусебната доверба, институционалната почит и духот на соработка што треба да ги карактеризира нашите односи – напиша Гаши на Фејсбук.

    Kоординаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, вчера биле задржани од албанските власти на граничниот премин Ќафасан и не им бил дозволен влез во Албанија иако имале дипломатски пасоши.

    Од „Вреди“ денеска информираа дека тројцата партиски функционери биле задржани еден час без никакво официјално објаснување. Според информациите што неофицијално ги соопштила граничната полиција, против нив постоела забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување.

    Затоа од „Вреди“ барааат властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка.

    – Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање – реагираат од ВРЕДИ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.