Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    09.07.2026 во 17:05

    Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана

    09.07.2026 во 17:02

    На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола

    09.07.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората
    • Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана
    • На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола
    • Албанска полиција: На едно лице не му беше дозволен влез поради законски пречки, другите сами одлучија да не го продолжат патувањето
    • ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал 
    • Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион
    • Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак
    • СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    09.07.2026 во 17:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората
    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали опозицијата е пречка за исполнување на последната задача од европските директиви, а тоа е носењето на Изборниот законик, изјави:

    „Ние имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме. Коишто беа во грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик.Ние цениме дека, вака како што е моментално, начинот на којшто гласа дијаспората, односно иселениците, не соодветствува на вистинскиот капацитет. Односно имаме неможност да тие излезат во доволно голем број да го реализираат своето право. Посебно иселениците во Австралија, Канада и останатите прекуокеански земји, тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право.И ние се обидовме да дадеме предлог којшто беше прифатен заедно со сите други измени коишто ги содржат препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

    Завршено беше сè, потпишан беше законот. Пратеничката група на Левица не сакаше да го потпише, викаа ние се сложуваме со сè, фала ова што ни дадовте повеќе пари, еве нема проблем ќе си ги потрошиме. Ова сега што го прават нема никаква врска со вистината, ова е сега театар за мал број гласачи коишто сè уште им веруваат. Замислете овие луѓе да добијат можност да управуваат со некоја институција, што ќе се случи. И вака, ние не се потпишуваме со вас, знаете ние сме робоспиерови следбеници, не можеме со вас. Е така не може, ако сакате да учествувате, ќе мора да имате и одговорност. И така рековме, не може.И потоа настапи втората опозициска партија СДСМ, па поднесоа илјадници амандмани, секој си наоѓаше некаква забелешка. За да ние дадеме јасен предлог и кажеме вака. Седнете, договорете се во опозицијата што сакате, како сакате, дајте предлог во којшто ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Сè што сакате, ние бланко ќе ви поддржиме. Само дајте ова да го завршиме до 15-ти јули, за да може десетте чекори да ни бидат успешно завршени, за да можеме да идеме во следна фаза.

    Еве чекаме уште, неколку дена поминаа, сè уште немаме усогласен став на опозицијата. Кога зборувам, усогласен став на опозицијата, тука мислам на СДСМ, Левица, Демократската унија за интеграција и дел од пратеници коишто не знам сега како функционираат во рамките на Парламентот, но ајде еве вака ќе ги наречам пратениците на Зијадин Села, пратениците на Арбен Таравари. Тоа е сега во моментот опозиција.Од страна на владејачката група на пратеници во Парламентот имаме усогласен став којшто вели кажете што сакате, ставете го на хартија и ние ќе го прифатиме, само да биде содржано гласањето на дијаспората. Една изборна, една изборна.

    Повеќе пари, повеќе пари. Еве ние ќе намалиме од кај нас, иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив, немаме никаков проблем. Сè што мислат дека тие ќе направат, ние ќе го прифатиме. Но за жал еве, до денеска немаме сè уште никаков повратен одговор од страна на опозицијата.“

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората

    09.07.2026 во 14:41

    Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    09.07.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.