Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората

    09.07.2026 во 14:41

    Радовиш: Сакал да му ја запали нивата на својот брат – изгорело пола село

    09.07.2026 во 14:38

    Повеќе од половина од криминалните групи во Албанија продаваат кокаин, но каде ги инвестираат парите?

    09.07.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората
    • Радовиш: Сакал да му ја запали нивата на својот брат – изгорело пола село
    • Повеќе од половина од криминалните групи во Албанија продаваат кокаин, но каде ги инвестираат парите?
    • Рачна бомба фрлена од возило во движење кон ресторан во тетовско
    • Мухамад трета година по ред најчесто име за момчиња во Англија и Велс
    • Македонците во Албанија соочени со предизвици: борба за јазикот, идентитетот и иднината 
    • Судот ги виде пораките од телефоните на обвинетите во „Пулс“ – „пушти ја ќерка ми да влезе“
    • Тетово: Местеле лажна сообраќајка – заборавиле на камерите од „Безбеден град“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората

    СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората

    09.07.2026 во 14:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за реформи во Изборниот законик, туку, како што велат, за создавање простор за изборни злоупотреби.

    „Мицкоски вели да сме кажеле што сакаме за Изборниот законик, ќе прифател. Кажуваме, сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку дијаспората“, се наведува во соопштението.

    Од партијата тврдат дека власта прво ја укинала техничката влада „на сила, без политички консензус“, а потоа се обидела да воведе електронско гласање на дијаспората без, како што велат, соодветни механизми за контрола и гарантирање на изборниот интегритет.

    „Откако тој обид не му помина, предложи нов модел – гласање по пошта, повторно без соодветна контрола и без механизми што ќе ја гарантираат слободно изразената волја на граѓаните“, велат од СДСМ.

    Според партијата, зад предлозите за гласање на дијаспората се крие обид за манипулација со околу 200.000 гласови.

    „Единствен виновен за тоа што нема консензус за Изборниот законик е Христијан Мицкоски. Проблемот не е во опозицијата. Проблемот е во власта и во Христијан Мицкоски“, се додава во реакцијата.

    Од СДСМ порачуваат дека нема да дозволат, како што велат, „изборен грабеж“ и дека ќе се спротивстават на секој обид за манипулација со гласот на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    09.07.2026 во 13:23

    Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    09.07.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.