Close Menu
Press24
    Најново

    Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    09.07.2026 во 13:23

    Гледаше само во таванот и не одговараше ништо – почна судењето на серискиот убиец во Куманово

    09.07.2026 во 13:18

    Куманово: Убил 4 жени поради некрофилија – во судница гледаше само во таванот

    09.07.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат
    • Гледаше само во таванот и не одговараше ништо – почна судењето на серискиот убиец во Куманово
    • Куманово: Убил 4 жени поради некрофилија – во судница гледаше само во таванот
    • Бугарите загрижени по изјавите на новиот унгарски премиер Маѓар за Македонија
    • Охриѓанец голтнал дрога пред полицијата и починал
    • Ова се невидени гужви – 9 европски земји бараат измени на системот со сликање на граници
    • ФОТО: Носел 24 пакети со дрога – Апсење на „Деве Баир“
    • Се менуваат правилата за горивата: Нови стандарди за квалитет и контрола на пазарот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    09.07.2026 во 13:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна. Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво и во јуни изнесува 3,4%, рече денеска Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција

    „Споредено со месец мај, инфлацијата забележува намалување од 0,5 проценти, додека, пак, индексот на цените на мало во јуни бележи намалување за 0,8%.

    Тоа е што претставува посебен успех фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1% – бројки во услови на најголемата енергетска криза.

    Ова значи дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалоци се држат на стабилно ниво, а владата презема заложби и мерки тие уште дополнително да бидат стабилизирани.

    Тие што сакаат да креираат лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките.

    Овие резултати, кои не се само бројки и проценти, туку реалната слика и состојба во државата, се потврдени и од релевантните институции, како што е и Државниот завод за статистика.

    Тоа што претставува посебно задоволство, е што сето ова е резултат на работата и добро проектираните и применети економски мерки на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Додека светот се соочуваше со високите цени на нафтените деривати, благодарение на брзата реакција на Владата, Македонија го одржа нивото на најниски цени на енергенсите во регионот.

    Успешното спроведување на владините мерки за енергетската криза, своевремено, го потврди и ММФ, кој посочи дека Македонија е во топ трите земји по преземените мерки за ублажување на ценовниот шок на горивата.“ – рече Стојановски.

    Прочитај повеќе

    Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    09.07.2026 во 10:14

    ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, ние правиме градежен бум

    09.07.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.