Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДЗР со критики до Агенцијата за вработување: Милиони за вработување распределени нерамномерно

    ДЗР со критики до Агенцијата за вработување: Милиони за вработување распределени нерамномерно

    09.07.2026 во 11:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил низа неправилности во работењето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) за 2024 година, меѓу кои нерамномерна распределба на средствата за активните мерки за вработување, слабости во контролите и недоследности при исплатата на надоместоци за невработени.

    Според ревизорскиот извештај, за активните мерки за вработување во 2024 година биле исплатени 1,44 милијарди денари, односно околу 23,4 милиони евра, но при распределбата не бил обезбеден принципот на рамномерен регионален развој.

    Најголем дел од средствата кај одредени мерки биле концентрирани во неколку центри за вработување. Така, 62,05 отсто од средствата за мерката самовработување биле реализирани преку центри во пет градови, додека кај субвенционирањето плати и мерката за вработување и раст на правни субјекти најголемиот дел од средствата биле насочени кон Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип.

    Ревизорите изразиле мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на АВРСМ, како и неповолно мислење за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

    Во 2024 година преку АВРСМ биле исплатени околу 1,33 милијарди денари за паричен надоместок во случај на невработеност, што претставува 40,6 проценти од вкупните расходи на институцијата. Исплатите биле зголемени за 27,13 отсто во однос на претходната година.

    ДЗР утврдил слабости во постапките за остварување на правото на надоместок, вклучително и некомплетна документација, отсуство на електронска размена на податоци со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и отстапувања при пресметката на висината на надоместокот.

    Според ревизорите, најголем дел од исплатите за невработеност, односно 67,91 отсто, се однесувале на престанок на работен однос на определено време. Биле забележани и случаи со договори склучени на само неколку дена, продолжување на договори над законскиот максимум и повторно вработување кај исти работодавачи по користење на правото на надоместок.

    Ревизијата покажала слабости и во системот на мониторинг и контрола на доделените средства, поради недоволно развиени процедури, ретки теренски проверки и нецелосна документација, што создава ризик од ненаменско користење на средствата.

    Како пример, за мерката обука за стекнување напредни ИТ-вештини биле исплатени околу 85,8 милиони денари, но од 735 кандидати само 184 успешно го положиле завршниот испит.

    ДЗР констатирал и неправилности во исплатите за адвокатски услуги, вештачења и судски такси, за кои во дел од случаите немало целосна документација или соодветни контроли.

    Ревизорите укажуваат и дека посебниот фонд за вработување на инвалидни лица не ги добива сите средства што му следуваат согласно законските одредби.

    За надминување на утврдените слабости, ДЗР доставил препораки до надлежните институции за подобрување на контролите, распределбата на средствата и законската регулатива.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.