Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    09.07.2026 во 10:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата. Партијата која има мнозинство во Собранието, ја предводеше Работната група и го предложи текстот на законот, денес глуми неутрален набљудувач кој наводно ќе прифател сѐ што ќе се договорат опозициските партии, се вели во соопштението од Левица.

    -Власта не може истовремено да биде и предлагач, и арбитер, и жртва. Ако ДПМНЕ навистина смета дека една изборна единица е исправно решение, нека застане зад сопствените ветувања, наместо кукавички да се крие зад потребата опозицијата прво да се договори.  Црвената линија на ДПМНЕ не е една изборна единица, еднаквата вредност на секој глас или укинувањето на изборните неправди, туку гласањето на дијаспората. Наместо да ги бранат принципите што ќе создадат поправеден изборен модел, тие избраа да ја претворат дијаспората во политички штит зад кој ќе ја сокријат суштинската реформа. ДПМНЕ денес се однесува како со нивниот авторитарен однос и црвени линии поставени во последен момент да не е главната причина за недонесување на Изборниот законик, туку најмирна страна и негов случаен набљудувач. Сега смислија и алиби за одржување на нивната удобност, па процесот го префрлија врз опозицијата, а доколку реформата пропадне, повторно ќе ја обвини истата таа опозиција, велат од Левица.

    Велат дека дополнително смешно е што се покажа дека патетичните обиди на ДПМНЕ да се претстави како заштитник на дијаспората пропаднаа уште пред да започнат.

    -Очекуваа патриотски аплауз, а го добија спротивното. Ни дијаспората не им поверува дека преку ова одеднаш ја откриле љубовта кон иселениците. Јавноста препознаа дека темата беше извадена во последен момент како средство за одржување на статус-квото и овој модел од кои поголемите политички партии профитираат, а штетата е на сметка на Левица и граѓаните. И конечно, јавноста има право да постави едно многу непријатно прашање. Европската Унија обезбедува околу 4 милиони евра поддршка доколку се донесе нов Изборен законик. Но, ако тој повторно не се донесе, според постојниот модел ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВРЕДИ повторно ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Кога ќе се стават бројките на маса, станува многу појасно зошто некои партии се толку комотни и инсистираат процесот да пропадне, стои во соопштението од Левица.

    Just In
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.