Дваесет и осумгодишниот Б.С. од село Арачиново, скопско, на 6 јули во 15 часот пријавил во СВР Скопје дека два дена претходно бил физички нападнат и ограбен.
Според пријавата, на 4 јули околу 20:45 часот во населбата Илинден, скопско, две лица го нападнале со тврди предмети, при што едното од нив му се заканило со пиштол. Напаѓачите му одзеле пари и го напуштиле местото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

