Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
    • Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
    • Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира
    • Почнаа уписите на УКИМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    08.07.2026 во 12:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 200.000 кондоми од Кина, лажно декларирани како играчки, ги заобиколија барањата за контрола на квалитетот на Европската Унија, изложувајќи ги потрошувачите на опасност и ризик од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и опасни хемикалии и материјали, објави „Евроњуз“ (Euronews).

    Во ЕУ, кондомите се класифицирани како медицински помагала и мора да ги исполнуваат строгите здравствени и безбедносни стандарди, вклучувајќи контрола на микробиолошка контаминација, биокомпатибилност, отпорност на протекување, пропишани димензии, рок на траење и стабилност. Фалсификуваните производи од Кина ги заобиколиле сите овие услови, според Петр Клемент, раководител на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

    „– Фалсификуваните кондоми се опасни. Тие се нетестирани, неисконтролирани и небезбедни,“ изјави Клемент.

    Фалсификуваните кондоми, за коишто се проценува дека би чинеле вкупно повеќе од 200.000 евра, веќе се запленети во Романија, Србија и Шпанија. Според наводите на ОЛАФ, неисконтролираните производи биле продавани во Европа под името и логото на добро познат бренд, но канцеларијата засега не го открива точниот назив.

    „Тешко е да се дадат точни бројки поради природата на нелегалните мрежи. Фалсификуваната стока е тешко да се пронајде, како што е тешко да се информираат поединците-потрошувачи кои можеби купиле такви кондоми“, соопшти ОЛАФ.

    Во соработка со кинеските власти, ОЛАФ го идентификуваше извозникот зад спорните пратки, но во интерес на истрагата, и неговиот назив засега останува неисполнет во јавноста.

    Прочитај повеќе

    Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции

    18.08.2026 во 19:17

    „Нова територија на САД“ – Вака Трамп ја нарече Ормуската Теснина

    18.08.2026 во 17:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.