Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поповиќ: Власта да ги објави анализите за водата во Гостивар наместо да прави партиски прослави
    • (ВИДЕО) Ангелов: Селото Чаниште и манастирите се безбедни, огнот се движи кон Крушевица
    • УХМР: Утре сончево и многу топло, за викендот најавено невреме и температури над 40 степени
    • ФОТО: Средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Подгответе се за силно невреме
    • ВИДЕО: Ајкула подолга од три метри снимена во Јадранското Море
    • Виница се подготвува за нова дезинсекција против комарци
    • ФОТО: Елвир Мекиќ се прости од својот брат: Познат датумот и местото на погребот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    08.07.2026 во 12:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патолошки причини, односно дека лицето починало поради болест или природен процес во организмот, се првичните наоди за смртта на 24-годишната девојка од Македонија, која вчера беше пронајдена мртва во стан во Солун, објави грчкиот медиум „Тестивал“ (Thestival.gr).

    Според новите информации од форензичката обдукција во Грција, на кои се повикуваат медиумите, дефинитивно е отфрлена можноста за насилно одземање на животот.

    „Според досегашните информации, при обдукцијата не биле пронајдени знаци кои би укажале на криминално дело. Надлежните органи ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта“, пишува грчкиот медиум.

    Потрагата по младата девојка, за која во македонските медиуми се појавија неофицијални информации дека е студентка со потекло од Прилеп, заврши трагично откако нејзиното семејство со денови не можело да ја добие на телефон.

    Како што пренесуваат медиумите, откако родителите безуспешно се обидувале да стапат во контакт со неа, нејзин близок роднина заминал до станот на улицата „Имвру“ во Солун, каде што морал да влезе преку балконската врата на вториот кат и ја пронашол почината.

    Грчките истражни органи соопштуваат дека случајот и понатаму се истражува сè додека не пристигнат комплетните резултати од лабораториските тестирања.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Ајкула подолга од три метри снимена во Јадранското Море

    19.08.2026 во 11:22

    ВИДЕО: Исплива снимка од апсењето на убиецот од Ксамил, се криел во гепек

    19.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.