Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Силен земјотрес ја потресе Шпанија – има повредени
    • За 6 часа санкционирани 166 пешаци – 130 од нив поминувале надвор од пешачки премин
    • Невреме го зафати струшкиот и беровскиот регион
    • Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите
    • Приведен малолетник во Аеродром: Полицијата му пронашла марихуана
    • Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност
    • Гаши: Инвестирањето во Армијата е инвестиција во мирот
    • Филипче: Горди сме на македонската Армија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“

    Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“

    08.07.2026 во 12:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека примирјето со Иран е „завршено“ откако двете страни повторно разменија напади, но додаде дека преговарачите би можеле да продолжат со разговорите со Техеран. Трамп остро ги нападна властите во Иран, неколку часа откако САД во текот на ноќта извршија напади врз Исламската Република, а Иранската револуционерна гарда соопшти дека цел на нивните одзмаднички напади биле американски бази во Персискиот Залив.

    Одговарајќи на прашање на самитот на НАТО во турската престолнина Анкара за тоа дали примирјето со Иран сега е дефинитивно завршено, американскиот претседател беше дециден во својот став.

    „Микам дека е завршено. Не сакам повеќе да имам работа со нив, тие се џган. Тие се џган, болни луѓе, водени од болни луѓе, и се сурови и насилни луѓе. Ако имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа. Што се однесува до мене, сè е завршено.“

    Трамп ги обвини Иранците дека повеќепати погрешно го претставувале она што било договорено во рамките на примирјето што Вашингтон и Техеран го потпишале на 17 јуни.

    „Сите се согласија – без нуклеарно оружје. Постигнуваме договор. Потоа тие излегуваат надвор и се шегуваат со медиумите, велејќи дека никогаш не сме разговарале за тоа. Нешто не е во ред со нив, тие се лудаци“, додаде Трамп.

    Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој во тој момент се среќаваше со Трамп, јасно ги поддржа американските напади врз Иран.

    „Мислам дека тоа што го направивте синоќа беше апсолутно неопходно. Тоа беше многу силен одговор и јас сум на ваша страна во ова прашање“, изјави Руте.

    Но, и покрај ваквата поддршка, американскиот претседател јавно ја критикуваше Алијансата и европските сојузници поради тоа што одбиле директно да се вклучат во конфликтот со Техеран.

    „Не сум задоволен од НАТО затоа што не сакаше да ни помогне во врска со најголемиот државен спонзор на тероризмот, а тоа е Иран. Не беа подготвени да ни помогнат. Разговарав со Обединетото Кралство и премиерот ми рече: ‘Сега не сакаме да ви помогнеме, но ќе ви помогнеме кога војната ќе заврши.’ Му реков дека тоа не е добро. Истото беше и со Германија – не сакаа да помогнат. Разговарав и со Франција – ниту тие не сакаа да помогнат.“

    Како контекст на овие изјави, американската војска претходно соопшти дека погодила повеќе од 80 цели, вклучувајќи ирански брзи воени чамци, како одговор на иранските напади врз бродови во стратешки важниот Ормусски Теснец, по што цените на нафтата на светските берзи веднаш пораснаа за пет проценти.

    Прочитај повеќе

    Силен земјотрес ја потресе Шпанија – има повредени

    18.08.2026 во 16:55

    Уапсен осомничениот за убиството на францускиот турист во Ксамил, се криел во багажник

    18.08.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.