Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија

    МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија

    08.07.2026 во 11:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Безбедноста денес не завршува на државната граница. Таа се гради преку доверба, партнерство и заедничка борба против криминалот. Ова го велат од МВР преку соопштение за јавноста.

    -Во изминатите две години ја зајакнавме меѓународната позиција на македонската полиција, градејќи силни партнерства со Европол, Интерпол, SELEC и бројни безбедносни институции ширум светот. Имаме 31% повеќе меѓународни предмети и разменети информации, реализиравме бројни заеднички операции против организираниот криминал, недозволената трговија со дрога и оружје, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, а значително го зголемивме и бројот на успешни екстрадиции. Во изминатиот период реализиравме и голем број билатерални средби и активности на највисоко ниво со нашите меѓународни партнери, со кои отворивме нови можности за оперативна соработка, размена на информации, заеднички обуки и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици, велат од МВР.

    Додаваат дека посебно признание за професионалноста на македонската полиција е што во 2026 година нашата држава е домаќин на Заедничкиот координативен центар во рамки на EMPACT операцијата „Global Chain“ – една од најзначајните европски операции за борба против организираниот криминал.

    -Истовремено, потпишавме нови договори и меморандуми за безбедносна соработка, ги зајакнавме капацитетите за брза размена на информации, ја унапредивме прекуграничната соработка и активно учествувавме во најважните европски и регионални безбедносни иницијативи. Кога македонската полиција е силен и доверлив партнер на меѓународната безбедносна заедница, најголема добивка имаат нашите граѓани. Продолжуваме да градиме модерно, професионално и европско Министерство за внатрешни работи, затоа што силната меѓународна соработка значи поефикасна борба против криминалот и побезбедна Македонија за сите, велат од МВР.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.