Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

    Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

    18.09.2025 во 13:171 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови.

    „Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска нараквица за превенција на жртвите од насилство. Дали денес мирно спиете сите 102 што пратеника што не дадовте поддршка?!? Доволно е“, пишува во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

    На седницата во Собранието, одржана на 1 април, ЛДП поднесе предлог за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.

    Предлогот значеше дека покрај забраната за приближување, сторителот на себе треба да има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри.

    Предлог законот не се изгласа, односно на седницата доби подршка само од 12 пратеници/чки, додека 102 пратеника воопшто не се изјаснија, велат од ЛДП.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра

    23.09.2026 во 14:30

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.