Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 49. марш во Кочани: Свеќи и срца со имињата на загинатите за точно година и половина од несреќата
    • Вучиќ по пресудите за лидерите на ОВК: Направена е голема неправда, но мирот и дијалогот се клучни за иднината
    • Зеленски се пожали: Русите двапати пробаа да ми го бомбардираат авионот
    • Црн биланс во Газа: Пронајдени 20 тела, меѓу кои и децата, под урнатините на бомбардирана зграда
    • Пренџов: Градиме стратешки партнерства во интерес на Македонија
    • Активни 5 пожари на отворено
    • (ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Распишан тендер за БРТ
    • Мицкоски на средба со конгресменката Клаудија Тени: Зајакнување на партнерството меѓу Македонија и САД
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите

    Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите

    08.07.2026 во 09:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако ДПМНЕ соопшти дека наводно ќе прифати сè околу кое ќе се договорат опозициските партии во однос на Изборниот законик, со единствен услов да се прифати гласањето на дијаспората по пошта, една изборна единица останува во центарот на дебатата за промените на Изборниот законик, се наведува во соопштение од Левица.

    -За Левица, една изборна единица отсекогаш е програмска определба и е единствената суштинска реформа што ќе обезбеди Собрание кое пореално ќе ја отсликува волјата на граѓаните. Денешниот изборен модел ја дели Македонија на шест изборни единици. Во пракса, тоа значи дека партиите не учествуваат на едни парламентарни избори, туку на шест различни изборни натпревари. Наместо сите гласови да се соберат на едно место и според нив да се распоредат мандатите, секоја изборна единица има своја посебна пресметка. Последицата е дека илјадници гласови остануваат без политичка претставеност само затоа што во одредена изборна единица не биле доволни за освојување мандат. Односно, партија може да добие значителна поддршка низ целата држава, а сепак да остане без пратеник затоа што тие гласови се расцепкани во шест различни изборни единици. Во една изборна единица, истите тие гласови би се собирале заедно и многу пореално би се претвориле во пратенички мандати. Така се намалува бројот на изгубени гласови и Собранието попрецизно ја отсликува политичката волја на граѓаните, велат од партијата.

    Според нив, сегашниот модел не го наградува оној што има најголема поддршка во државата, туку оној што успеал подобро да ја концентрира поддршката во одделни изборни единици. Со други зборови, сегашниот систем не прашува само колку граѓани гласаат за една политичка опција, туку и каде живеат тие граѓани. 

    -Оттаму произлегува и најголемата политичка последица од сегашниот модел. Секој глас што не се претвора во мандат ја нарушува пропорционалноста на изборниот резултат и создава дополнителна предност за најголемите партии.  Колку повеќе изгубени гласови има, толку полесно поголемите партии освојуваат поголем удел од мандатите отколку што би имале во една изборна единица. Затоа шестте изборни единици не се случајно решение, туку механизам што со децении го одржува бипартизмот и ги штити партиите што наизменично владеат.

    Дополнително, денешниот модел не ја вреднува еднакво ниту волјата на избирачите. Според актуелната распределба, во ИЕ1 за еден пратеник се потребни околу 9.018 гласа, а во ИЕ6 6.662. Тоа значи дека за ист политички резултат, во еден дел од државата се потребни илјадници повеќе гласачи отколку во друг. Нееднаквата вредност на гласот е директна последица на изборен модел што веќе одамна не може да обезбеди еднаква политичка претставеност.

    Доколку ДПМНЕ навистина ќе го почитува договорот на опозициските партии околу изборниот модел, тогаш ги повикуваме сите опозициски партии да покажат политичка зрелост и јасно да застанат зад воведувањето на една изборна единица како суштинска демократска реформа, велат од Левица.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.