Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • KAM исплаќа 850 евра за К15 за своите вработени
    • Невиден сплет на природни настани: Како дојде до библискиот потоп во Непал
    • Колку пати ни го ветија автопатот Скопје-Блаце?
    • Прв случај на западнонилска треска регистриран во Бугарија
    • Ја заклучил жена му дома и ја тепал – ја спасувале полицајци
    • Нови механизми, стар услов: Што носат промените во проширувањето за Македонија
    • Зошто Македонија има толку многу случаи на западнонилска треска
    • Симов: Да си против дата-центри е како да си против хидроцентрали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура

    Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура

    18.09.2025 во 12:442 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт.

    “Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на живот во градовите, со што ја потврдуваме нашата посветеност да се движиме во ист правец со најдобрите европски практики. Со Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година предвидена е мерка за поддршка на поголемите градови за изработка на планови за одржлива урбана мобилност. Поддршката вклучува развивање на планови за одржлива урбана мобилност за Кавадарци и Прилеп, Кочани, Струмица и Струга, во согласност со насоките за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност на ЕУ”- истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

    Тој потенцира дека Министерството особено внимание посветува на унапредување на стандардите за велосипедската инфраструктура се со цел да се зголеми безбедност на велосипедскиот сообраќај.

    “Во Законот за јавни патишта предвидовме основа за донесување на Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура, а во соработка со граѓанскиот сектор изработивме предлог Правилник којшто ќе биде донесен во текот на следниот период. Со ова, сакаме да испратиме порака дека велосипедот како симбол на одржлива мобилност е рамноправно превозно средство, а не само средство за рекреација. Со поддршка од државата и со визија на општините, можеме да изградиме градови кои се поодржливи, побезбедни и подобри места за живеење”- истакна потпретседателот на Владата, Николоски.

    Денешната конференција се организира во рамки на Европската недела на мобилност под мотото „Мобилност за секого“.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Колку пати ни го ветија автопатот Скопје-Блаце?

    26.08.2026 во 19:14

    Ја заклучил жена му дома и ја тепал – ја спасувале полицајци

    26.08.2026 во 18:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.