Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски на средби со министрите за одбрана на НАТО: Во фокус модернизацијата на Армијата

    Мисајловски на средби со министрите за одбрана на НАТО: Во фокус модернизацијата на Армијата

    08.07.2026 во 09:032 Mins Read
    Министерство за Одбрана
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара учествуваше на повеќе активности и состаноци во рамки на Самитот на НАТО, меѓу кои приемот за министрите за одбрана организиран од турскиот министер за национална одбрана Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон иницијативата за НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe).

    Од Министерството за одбрана информираат дека Мисајловски учествувал на Форумот за одбранбена индустрија, каде во фокус биле иновациите, развојот на одбранбената индустрија и можностите за заеднички набавки за опремување на вооружените сили.

    На форумот, на кој присуствувале претставници од сојузничките и партнерските земји, како и претставници од воената индустрија, била испратена порака дека силната одбрана е поврзана со развојот на силна одбранбена индустрија. Од МО посочуваат дека учеството на овој настан е значајно и поради заложбите за поддршка на домашните компании од областа на наменската индустрија.

    Во рамки на првиот ден од активностите, била одржана и церемонија за прием на Франција, Финска и Шведска во Мултинационалната соработка за воспоставување НАТО обука за летање во Европа (NFTE). Македонија е една од основачите на оваа иницијатива, која има цел да воспостави интегриран и стандардизиран систем за обука на пилоти, техничари и воздухопловен персонал според НАТО стандардите.

    Мисајловски присуствувал и на приемот за министрите за одбрана организиран од турскиот министер Ѓулер, каде се обратил пред присутните и ја истакнал одличната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Турција.

    Активностите продолжиле во претседателскиот комплекс во Анкара, каде министерот учествувал на состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на министри за одбрана, заедно со министрите за одбрана на партнерските земји од Индо-пацифичкиот регион.

    На состанокот Мисајловски ги претставил инвестициите во развојот и модернизацијата на Армијата, посочувајќи дека издвојувањата поврзани со одбраната и националната безбедност надминуваат 4 отсто од планираните 5 отсто кои треба да се достигнат во следните 10 години.

    Тој нагласил дека со досегашните договори и поддршката од сојузниците и партнерите, вклучително и преку Европскиот мировен фонд, се зајакнуваат капацитетите на Армијата за учество во мировни мисии и операции.

    Мисајловски посочил и дека продолжувањето на мисиите АЛТЕА на Европската Унија во Босна и Херцеговина и КФОР на НАТО во Косово е од особено значење за стабилноста и безбедноста на регионот.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје

    18.08.2026 во 23:49

    Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца

    18.08.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.