Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Марта Кос денеска во Скопје: Во фокусот европскиот пат и реформите

    Марта Кос денеска во Скопје: Во фокусот европскиот пат и реформите

    08.07.2026 во 08:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска престојува во официјална посета на Скопје, каде со државниот врв ќе разговара за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија, како и за спроведувањето на реформската агенда во рамките на Планот за раст за Западен Балкан.

    Во рамки на посетата, Кос ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски. Предвидени се тет-а-тет разговори, по што ќе следува заедничка средба со владина делегација. По состаноците, премиерот и еврокомесарката ќе одржат заедничка прес-конференција.

    На агендата на Кос се и средби со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, како и со претседателот на Собранието Африм Гаши.

    Во текот на денот, еврокомесарката ќе го посети студентскиот дом „Стив Наумов“, кој е реконструиран со финансиска поддршка од Европската Унија. Таа ќе разговара и со претставници на младински организации за можностите што младите ги имаат преку европските програми, меѓу кои „Еразмус+“ и „Хоризонт Европа“. Предвидена е и средба со претставници на граѓанскиот сектор и медиумите, посветена на реформите поврзани со владеењето на правото и европската агенда.

    Северна Македонија досега доби 142,1 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст, како резултат на досегашниот напредок во спроведувањето на реформските обврски.

    Во интервју за МИА, Кос оценува дека земјава покажала дека може да испорачува резултати кога постои политичка волја.

    „Ова јасно го гледаме во нејзините силни перформанси во рамките на реформската агенда. Ќе дојдам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото тоа и во преговорите за пристапување. Сега имаме можност која се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување застојот значи фактичко назадување“, вели Кос за МИА.

    Според неа, напредокот во пристапните преговори зависи од довербата меѓу земјите кандидати и земјите членки на Европската Унија.

    „Според моето искуство, таквата доверба првенствено се гради врз два елемента: исполнување на обврските и ставот на земјите кандидати кон ЕУ и нејзините земји членки. Ова почнува со добрососедски односи. Кога меѓусебната доверба расте, процесот на пристапување станува побезбеден. Убедена сум дека ова би било случај и за Северна Македонија“, нагласува Кос.

    Таа додава дека во процесот на проширување не постои практика земјите кандидати да добиваат гаранции дека нема да се појават нови билатерални спорови.

    „Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога и последната земја членка ќе го ратификува договорот за пристапување. Ова е начинот на кој функционира проширувањето на ЕУ. Важно е да се прифати оваа реалност“, вели Кос.

    Осврнувајќи се на германско-францускиот нон-пејпер за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан, еврокомесарката најавува нови чекори од Европската комисија.

    „По летото, Комисијата има намера да предложи нови начини на земјите членки да ги доближат земјите кандидатки до ЕУ пред пристапувањето. Но, има една важна точка. Ова ќе бара напредок во преговорите за пристапување. Ова останува приоритет. Без таков напредок, понатамошната постепена интеграција ќе биде ограничена“, посочува Марта Кос во интервјуто за МИА.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.