Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На маса 224 амандмани – Ребалансот на Буџетот повторно пред пратениците

    На маса 224 амандмани – Ребалансот на Буџетот повторно пред пратениците

    08.07.2026 во 08:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе го продолжи вториот ден од амандманската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот.

    Во текот на вчерашната седница беа разгледани повеќе амандмани со кои се предлагаа дополнителни средства за Министерството за односи со заедниците, повисоки плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, како и зголемени блок-дотации за општините за поддршка на противпожарните единици. Дел од предлозите се однесуваа и на обезбедување средства за изградба на објекти на Армијата.

    За ребалансот се поднесени вкупно 224 амандмани – 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од коалицијата „Вреди“.

    Со предложениот ребаланс, вкупните буџетски приходи се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е за околу 4,2 милијарди денари или 1,1 процент повеќе во споредба со првичниот Буџет за 2026 година. Расходите се планирани на 425,2 милијарди денари, а за капитални инвестиции се предвидени речиси 46 милијарди денари, што претставува зголемување од 14,5 проценти.

    Проекциите остануваат економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит од 4,1 процент од бруто-домашниот производ.

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска претходно изјави дека ребалансот не е последица на намалени буџетски приходи или проблеми со ликвидноста, туку е направен за усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и глобалните предизвици.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.