Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За нас, важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди – истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик.

    -Нашата дијаспора не е само дознаки и помош на роднините. За неа не може да се сети само кога испраќа пари. Таа е неразделен дел од нашето општество и секако мора да има можност да биде дел и од политичкото одлучување. Ова и го должиме. Ние не сметаме дека блокадите на опозицијата со илјадници амандмани му служат на овој процес. Граѓаните очекуваат решенија, а не пречки и блокади. Измените во Изборниот законик предизвикаа голема дебата во јавноста овие денови. За жал, дел од оваа дебата се води околу стравот на гласањето на дијаспората наместо да се фокусира на она што е суштинско, како изборниот процес да го направиме подемократски и поинклузивен – рече тој.

    Ќоку потенцира дека нашата дијаспора е неразделен дел од политичкиот и општествениот систем на нашата земја.

    -Таа не е туѓо тело. Затоа, треба да се третира со почит без да се нарушат нејзините политички и граѓански права. За ВЛЕН ова е еден од најважните процеси во рамките на Реформската агенда и приближувањето на земјата кон европските стандарди изјави Ќоку.

    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.