Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ако Chat Gpt според Вашиот промпт ќе искреира фотографија за на веб-портал, или Gemini создаде видео кое потоа ќе биде емитувано на некој канал, а притоа Вие не напишете дека е креирано со вештачка интелигенција, сте го прекршиле етичкиот кодекс на новинарите.

    По 25 години, медиумските работници добиваат нов кодекс, или како што велат неговите  основачи,  договор меѓу јавноста и новинарите.  За првпат во него се ограничува користењето на AI.  Во кодексот се наведува дека новинарскиот производ не смее да претставува целосно генерирана содржина од вештачка интелигенција, но и дека создавањето новинарска содржина со вештачка интелигенција мора да биде јасно означено.

    „Новинарите не се против технологијата. Напротив, сфаќаме дека вештачката интелигенција е и ќе биде се поприсутна во редакциите. Таа може да помогне многу да се анализираат документи,да се преведуваат деск текстови, да се транскрибираат интервјуа. Меѓутоа, вештачката интелигенција никогаш нема да биде новинар“, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

    Основните вредности на новинарството и во 2000-тата и денеска не се менуваат. Вистината, проверката на фактите, независноста јавниот интерес и одговорноста кон граѓаните пред се остануваат темел на професијата.

    Освен насоки за користењето на ВИ, новиот кодекс посветува повеќе внимание на достоинството на жртвите. Во него се наведува дека известувањето за самоубиства и обиди за самоубиства не смее да води кон детални описи и споделување експлицитни фотографии и видеоматеријали. Точноста на информацијата да се потврди од најмалку два извори, а не како досега од еден.

    -Новиот кодекс на новинарите не е само збир на етички практики, или правила, туку е механизам, инструмент на саморегулацијата и на новинарството, изјави Ленора Калити, претседателка на Управен одбор на СЕММ.

    „Сега следува можеби најтешкиот дел, примената на овие етички кодекси и стандарди во секојдневната работа на новинарите. Затоа е потребна мобилизација и посветеност од сите новинари“, изјави Билјана Петковска, директорка на МИМ.

    Работна група го создаваше новиот кодекс две години. Во повеќефазниот процес биле вклучени медиумски работници, новинари, експерти и јавноста пред текстот целосно да биде финализиран.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.