Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:493 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека власта  обидува да го претстави ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Овој ребаланс не е инструмент на одговорно планирање, ова е фактура за промашениот буџет од декември. Буџетот не издржа ниту половина година, а граѓаните сега ја плаќаат цената на владината неодговорност“, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

    Битиќи посочи дека бројките ја демантираат владината пропаганда и покажуваат сериозно влошување на јавните финансии.

    „Овој ребаланс е само финансиска обдукција на промашеното владино планирање. Фискалниот бројач не е ниту опозиција, ниту држи прес-конференции. Тој само брои, а бројките зборуваат погласно од владиниот ПР. Само за половина година Владата го надмина целиот планиран буџетски дефицит за 2026 година. Планираниот дефицит од 39,2 милијарди денари се зголемува на 46,2 милијарди денари, односно за 7 милијарди денари повеќе. Дефицитот расте од 3,5% на 4,1% од БДП. Примарниот дефицит се зголемува за 40%, што покажува дека проблемот не се само старите долгови и каматите, туку тековните одлуки на Владата. Владата не може да каже дека ова се камати или наследени обврски. Примарниот дефицит покажува дека влошувањето е резултат на нивните сопствени политики“, нагласи Битиќи.

    Тој посочи дека Владата се обидува ребалансот да го претстави како развоен, но бројките покажуваат дека се кратат средства токму таму каде што се создава економска вредност.

    “Програмата за економски развој се намалува од 8 милијарди на 7,3 милијарди денари, поддршката за унапредување на деловните активности се намалува од 1,6 милијарди на само 371 милион денари – пад од 76,4%, финансиската поддршка за инвестиции се намалува за 200 милиони денари, а поддршката за малите и средни претпријатија останува на симболично ниво. Нема продуктивна економија без инвестиции. Нема повисоки плати без поголема додадена вредност. Нема извоз без технолошка модернизација“, порача Битиќи.

    Пратеникот на СДСМ, предупреди дека Владата наместо да вложува во активирање на економијата, ги намалува средствата за политики што создаваат работни места.

    „Мерките за намалување на сиромаштијата се намалуваат. Програмите за поттикнување на вработувањето се намалуваат. Активните мерки за вработување се ревидираат надолу. Владата крати кај најранливите, а го зголемува трошењето. Кога имате милијарди за проширување на дефицитот, а немате неколку милиони за инклузија, тогаш проблемот не е во парите. Проблемот е во приоритетите“, рече Битиќи.

    Битиќи предупреди дека Владата создава опасна комбинација: поголем дефицит, поголемо задолжување и послаб економски раст.

    „Јавниот долг се движи кон 61,5% од БДП. Нето странското задолжување расте за над 16 милијарди денари. Неплатените обврски на државата се зголемуваат. Граѓаните не враќаат проценти од БДП. Граѓаните враќаат денари и евра со камати, рокови и идни ограничувања“, истакна Битиќи.

    Битиќи предупреди и за состојбата со пензискиот фонд, посочувајќи дека одржливите пензии зависат од силна економија, продуктивност и повеќе формални работни места.

    „Пензионерите не се товар. Тие се луѓе кои работеле, граделе и плаќале придонеси. Но достоинствени пензии не се обезбедуваат со политички пароли, туку со стабилна економија. Не можете на човек кој работел тешка физичка работа да му кажете дека треба да работи до 73 години затоа што немате план за продуктивност и економски раст. Овој ребаланс е доказ дека Владата нема план за развој, туку план за нови долгови. Наместо инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард, граѓаните добиваат поголем дефицит, послаба економија и товар што ќе го плаќаат идните генерации, потенцираше Фатмир Битиќи.

    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.