Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По подолго време пад на трошоците на живот

    По подолго време пад на трошоците на живот

    07.07.2026 во 13:052 Mins Read
    On 30 March 2023 in Lima, Peru, Micaella Delgado, 8, takes a package of candy from the shelf in a supermarket. She chooses the candies that are displayed at her height.
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските граѓани во јуни почувствуваа благо олеснување во домашните буџети, откако официјалните бројки покажаа пад на трошоците во двете клучни категории – храната и транспортот.

    Конфликтот со постојаниот раст на цените доби привремено затишје бидејќи трошоците на животот на месечно ниво се намалија за 0.5 %. Најголемо влијание врз овој пад имаат транспортот, кој бележи намалување од 1.6 %, и групата на храна и безалкохолни пијалаци каде цените паднаа за 1.1 %.

    Како статистичка последица, и индексот на цените на мало забележа намалување и изнесува 99.2 во однос на претходниот месец. Сепак, на годишно ниво притисокот останува, бидејќи во споредба со јуни лани, трошоците на животот се зголемени за 3.4 %, додека цените на мало пораснале за 3.6 %.

    Официјалните податоци покажуваат дека и покрај падот кај храната, некои сектори како рекреацијата, спортот и културата забележаа раст од 1.4 %, додека сметките за домување, струја и вода останаа на исто ниво како во мај.

    • „Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, изнесува -0.5 %. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата и Ресторани и услуги за сместување за 0.3 %, Здравствена заштита и Информации и комуникации за 0.2 %, Облека и обувки за 0.1 %“, соопштуваат од Државниот завод за статистика.
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.