Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски најави дигитална револуција: Од 2027 година сите дозволи за увоз и извоз ќе се вадат електронски

    Николоски најави дигитална револуција: Од 2027 година сите дозволи за увоз и извоз ќе се вадат електронски

    07.07.2026 во 12:172 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт и врски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските компании во иднина многу побрзо и поефикасно ќе ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, откако денеска беше потврдено склучувањето на договорот за нов едношалтерски систем (НЕС).

    Проектот се позиционира како еден од најзначајните чекори за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки во земјава.

    Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, претседаваше со Комитетот за управување со НЕС, каде официјално беше затворена тендерската постапка и избран најповолниот понудувач.

    Според потпишаниот договор, избраниот конзорциум има прецизна обврска до крајот на 2027 година целосно да го операционализира софтверот и да го стави во функција.

    Новиот систем ќе овозможи сите дозволи, како и плаќањата за нив, да се одвиваат по електронски пат на една единствена точка, со што ќе се скрати времето на чекање по институциите.

    Реформата има за цел да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите и да овозможи брза размена на податоци меѓу сите надлежни национални институции.

    „Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан каде една од компонентите е имплементацијатa и овој Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем“, се вели во официјалното соопштение од Министерството за транспорт.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.