Close Menu
Press24
    Најново

    Иванов: Во Македонија се случува градежен бум

    07.07.2026 во 11:23

    30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите, најавува невреме

    07.07.2026 во 11:18

    Манасиевски: Што ќе кажат Филипче и Заев, утре кажува Апасиев

    07.07.2026 во 11:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Иванов: Во Македонија се случува градежен бум
    • 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите, најавува невреме
    • Манасиевски: Што ќе кажат Филипче и Заев, утре кажува Апасиев
    • Муцунски во Катар: Разговори за директна линија Скопје–Доха и нови инвестиции
    • МВР: Најниско ниво на криминалитет во Македонија последниве 20 години
    • Работници пронашле коски под такси-постојка – Полицијата започна итна истрага во Сараево
    • Томовски: 70% помалку злоупотреби на службени возила со обоените таблици
    • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иванов: Во Македонија се случува градежен бум

    Иванов: Во Македонија се случува градежен бум

    07.07.2026 во 11:232 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија инфраструктурно се развива со засилено темпо. Се градат патишта и автопатишта во сите делови на државата. Вакво вложување во патната инфраструктура, вакви градежни активности на неколку делници истовремено, во повеќе делови од државата, до сега немало, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на пратеникот Душко Иванов.

    -Покрај актуелните што се градат со несмалено темпо, веќе од следниот месец, во август почнува изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, проект којшто со децении беше најавуван, а единствено само се купуваа парцели вдолж предвидената траса. Автопатот во должина од 10,5 километри на исклучително тежок терен на падините на Скопска Црна Гора е со вкупна вредност од 235 милиони евра, од кои 30,8 милиони се грант од ЕБОР, а рокот за изградба е четири години. Скопје-Блаце ќе ги поврзе Македонија со Косово и ќе продолжи понатаму кон Тирана и Драч, како и кон Бар. Со тоа, кон Скопје се отвора уште едно пристаниште и уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот. Од друга страна, интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево и се решаваат наследените проблеми. За таа цел, се потпиша Анекс на договорот со кој се засилува динамиката на изградба и се смени Правилникот за технички услови со што се смени рецептурата на асфалтот за да може да се продолжи со завршно асфалтирање, вели тој.

    Иванов вели дека го ефектуирале Анексот и средствата за доизградба на проектот ги ставиле на располагање, се постигна и договор со изведувачот за откажување од арбитражната постапка со што на државата и се заштедуваат 50 милиони евра, се изнајде решение и за косините со т.н. галерии.

    -Паралелно со решавање на овие наследени проблеми се засили изградбата на автопатот, така што во употреба за возење се пуштија 37 километри од самата делница, а до првиот квартал во 2027 година се очекува, автопатот Кичево-Охрид целосно да биде завршен. Со останатите капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои и автопатиштата од коридорот 8 и 10д, во Македонија се случува голем градежен бум, до сега невиден во поновата историја на државата. Изградбата на овие автопатски артерии е важен чекор во реализација на стратешката визија, Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот, велат од владејачката партија.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите, најавува невреме

    07.07.2026 во 11:18

    Манасиевски: Што ќе кажат Филипче и Заев, утре кажува Апасиев

    07.07.2026 во 11:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.