Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња

    07.07.2026 во 10:40

    Изборното рекламирање пред Уставен суд: Утре ќе расправа по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“

    07.07.2026 во 10:35

    МД „Илинден”: Да не се одзема правото на глас на Македонците во дијаспората

    07.07.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња
    • Изборното рекламирање пред Уставен суд: Утре ќе расправа по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“
    • МД „Илинден”: Да не се одзема правото на глас на Македонците во дијаспората
    • Се преврте автомобил, малолетник испаднал и загинал на лице место – Страшна несреќа ја разбуди Србија
    • Скопјани прават најмногу отпад – Секој Македонец лани создал по 417 килограми ѓубре
    • И го провериле личниот багаж и веднаш ја привеле – Жена уапсена на „Табановце”
    • 73 лица го користат бесплатниот „Сервис за стари лица“ во Центар
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик поради страв од гласовите на дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња

    07.07.2026 во 10:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „Во Центар“ Андреј Петров отворено призна дека групата работи веќе осум месеци против СДСМ. Прво го туркаа Јован Деспотовски како промотор, потоа Петре Шилегов. Сега, во истата емисија, признаа дека ниту едниот ниту другиот не биле поканети на нивниот состанок, наведува СДСМ во соопштение.

    -Луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња. Говорат за „единство“ и „реформи“, а не можат да ги задржат ниту првите двајца промотори кои сами ги лансираа. Група од десетина луѓе, која не може да остане заедно ниту неколку месеци, сега излегува и тврди дека има решение за СДСМ. Истите тие луѓе, кои беа дел од раководството и директно учествуваа во креирањето на историскиот изборен пораз во 2024 година, денес се претставуваат како спасители. Каде беа кога партијата паѓаше? Каде беа кога СДСМ ја губеше власта и довербата? Зошто не се приклучија на бројните повици да дојдат во партија? Сега, кога СДСМ се консолидира, кога полека ја враќа довербата и се стабилизира, истите тие скокнаа со цел да ја уништат однадвор, велат од партија.

    Прашуваат зошто не се кандидираа на внатрепартиските избори? Зошто не ја побараа довербата од членството на демократски начин?

    – Наместо тоа, сега сакаат на сила и недемократски да ја преземат контролата врз партијата, преку притисок од медиуми и затворени состаноци. Најопасното од сè е што оваа група отворено соработува со луѓе од ЗНАМ и други партии. Ова повеќе не е внатрешна иницијатива. Ова е Платформа за иднината на Мицкоски – ново издание на ЗНАМ, креирано во паника. Христијан Мицкоски е свесен дека неговата партија загуби преку 150.000 гласови, дека рејтингот му е на историски најниско ниво и дека нема резултати. Знае дека мора да влезе во кампања за предвремени избори, а нема ниту пари. Затоа набрзина гради нова опција за раситнување на опозициските гласови – токму како што претходно го искористи ЗНАМ. Оригиналниот ЗНАМ повеќе не постои. Сега му треба нова верзија која ќе ја фрагментира опозицијата, а потоа ќе се обиде да ги апсорбира гласовите, велат СДСМ.

    Додаваат дека сателитите на ВМРО и Мицкоски не можат да направат ништо.

    -СДСМ е силен. Оваа платформа нема да помине. Нема да дозволиме СДСМ да биде уништена од луѓе кои ја напуштија кога беше најтешко, а сега се враќаат во јавност во координација со власта. Ова нема да ви помине, Мицкоски. Ниту вам, ниту на вашите нови сателити, велат тие.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Изборното рекламирање пред Уставен суд: Утре ќе расправа по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“

    07.07.2026 во 10:35

    МД „Илинден”: Да не се одзема правото на глас на Македонците во дијаспората

    07.07.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.