Close Menu
    Најново

    Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

    18.09.2025 во 21:57

    Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

    18.09.2025 во 21:41

    Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција

    18.09.2025 во 21:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон
    • Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата
    • Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција
    • Мицкоски: Има основани сомненија за инспираторите за пожарите – одговорност ќе има
    • Истрага против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
    • Митески: Работиме за граѓаните на Аеродром, наскоро добиваaт мултимедијален центар
    • Уапсен дедо – си извадил лажна возачка
    • Путин: Во Украина се распоредени 700.000 руски војници
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Минчев: Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од процесот

    Минчев: Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од процесот

    18.09.2025 во 12:05
    ФОТО: ВЛАДА
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од тој процес, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на денешниот настан, генерички обуки за административни службеници – „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, што се одржува во Скопје.

    Тој рече дека во срцето на јавната администрација се крие иднината на нашата држава.

    „Реформите што Министертвото за јавна администрација ги води, не се само зборови на хартија, тие се дела, тие се реалност, тие ја менуваат секоја институција, го менуваат секојдневието на граѓаните и го градат патот кон модерна, професионална Македонија. Свесни сме дека во јавноста често се слушаат стереотипи – дека администрацијата е голема, неефикасна, бавна. Но, јас денес сакам да истакнам нешто друго“, подвлече Минчев.

    Администрацијата, истакна тој, е крвотокот на државата. Без неа, додаде, државата не би можела да функционира ниту еден ден.

    „Замислете држава без учител кој ја пополнува наставната евиденција, без матичар кој издава извод од родени, без инспектор кој проверува дали е безбедна храната што ја јадеме, без службеник кој издава документ за градење, без човек кој седи зад шалтер и им помага на граѓаните. Тоа е администрацијата. Тоа е државата во секојдневието на секој граѓанин. И токму затоа, зборуваме за мисија. Зборуваме за луѓе кои ја носат државата на своите плеќи. Зборуваме за тоа каква држава ќе им оставиме на младите генерации“, нагласи Минчев.

    Министерот рече дека денес Министерството за јавна администрација за првпат реално отпочнува со спроведување на генеричките обуки за административните службеници.

    „Тоа значи дека повеќе не зборуваме во идно време, туку во сегашно. Обуките започнаа. Службениците учат. Институциите се движат напред. Ова е доказ дека реформите што ги водиме имаат конкретен резултат“, истакна министерот.

    Генеричките обуки, како што потенцираше, се темелот врз кој ќе се изгради секоја професионална администрација.

    „Тие се првиот чекор кон создавање службеници што ќе ја познаваат суштината на јавната служба, професионалност, етика, одговорност, транспарентност. Без овие основни вредности, ниту еден закон, ниту една стратегија, ниту една визија нема да може да се реализира“, додаде Минчев.

    Но, она што е особено важно, како што истакна, е дека овие обуки не се само за административните службеници – тие, пред сѐ, се за граѓаните.

    „Секое ново знаење што ќе го стекне еден службеник ќе значи побрза постапка, појасна информација, пократок ред и поедноставена услуга. Нашата цел е секој граѓанин да почувствува дека институциите работат за него – дека документите се добиваат без непотребно чекање, дека процесите се транспарентни и дека државата е партнер, а не пречка. Со овие обуки ние инвестираме во луѓето кои секојдневно ви служат вам, затоа што посилна и пообучена администрација значи посилна и поуспешна држава за сите нас“, дециден беше министерот.

    Овие обуки не ги спроведувале само со домашни ресурси, туку и со поддршка на меѓународни предавачи.

    „Тоа е симбол на нашата посветеност кон европски стандарди. Тоа е доказ дека сакаме најдобро за нашите службеници. Соработката со институции како Регионалното училиште за јавна администрација (РЕСПА), Центарот за извонредност во финансии (ЦЕФ) со седиште во Словенија, Агенцијата за стручни обуки од Франција, Вита Институтот, Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, дополнително со меѓународни партнери и експерти како Борко Ханџиски е гаранција дека не сме сами на овој пат. Тие ќе споделат искуства и практики кои веќе дале резултати во други земји. Наша задача е тие искуства да ги адаптираме и примениме дома“, подвлече министерот.

    Покрај обуката што се реализира денеска во Скопје, како што најави Минчев, во наредните месеци ќе се реализираат регионални обуки низ државата наменети за административните службеници од источниот, полошкиот и пелагонискиот регион.

    „Република Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од тој процес. Во таа насока, сакам да потенцирам дека историски исчекор во реформата претставува донесувањето на пакетот реформски закони – Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Законот за инспекциски надзор и Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници. Овие четири закони се темелот на новата визија и претставуваат почеток на севкупната реформа на јавната администрација во нашата држава. Паралелно со тоа, започнавме и со модернизација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), кој ќе овозможи транспарентно и ефикасно управување со кадрите во институциите, како и со надградба и модернизација на системот за онлајн учење – LMS, кој ќе биде клучна алатка за постојано образование и стручно усовршување на административните службеници“, посочи министерот.

    Со донесувањето на Законот за обуки и стручно усовршување на јавните службеници, како што рече, се формирала Академијата за јавни службеници – „прва институција од ваков вид во нашата земја, но и темел на една нова визија“.

    „Академијата нема да биде уште еден административен орган кој постои само на хартија. Таа ќе биде срцето на модерната администрација. Ќе биде куќа на знаењето, универзитет на практиката, лабораторија на нови идеи. Таму нашите административни службеници ќе се обучуваат, ќе се усовршуваат, ќе стекнуваат нови знаења и ќе растат заедно со државата. Таму секој млад човек кој влегува во администрацијата нема да биде оставен сам, туку ќе биде пречекан, воден и подготвен за предизвиците што го чекаат. Академијата ќе преставува симбол на новата Македонија – држава што не ја остава својата администрација да тапка во место, туку инвестира во неа. Држава што разбира дека ако сакаме ефикасни институции, мора да имаме обучени и мотивирани луѓе. Држава што гради систем, а не импровизација. Сакам да бидам многу јасен: академијата не е привилегија за службениците, туку обврска на државата кон своите граѓани. Затоа што секоја обука, секое знаење, секоја нова вештина што ќе ја стекне еден службеник, директно се претвора во подобра услуга за граѓанинот“, смета министерот.

    Џабе ни е академија, посочи тој, ако нема кој да учи во неа.

    „Џабе ни се обуки ако младите не сакаат да станат дел од јавната администрација. Ова е големиот предизвик со кој за жал се соочуваме денес. Сѐ повеќе млади луѓе ја гледаат администрацијата како нешто што не нуди перспектива. Не само поради ниските плати, туку затоа што со години во институциите недостасуваше систем на обука, на напредување, на признавање на квалитетот. И тоа е реалноста која не смееме да ја игнорираме“, истакна министерот.

    Ако сакаме млади луѓе во институциите, тој рече дека мора да им понудиме повеќе од работа, мора да им понудиме иднина.

    „Токму затоа Академијата ќе биде нашата најсилна алатка за промена на тој имиџ. Таа ќе покаже дека јавната администрација е место каде можеш да учиш цел живот, каде можеш да напредуваш, каде твоето знаење се вреднува. Ќе покаже дека државата не е застој, туку движење. Ќе покаже дека во институциите има иднина – модерна, европска, дигитална, зелена иднина. Затоа формирањето на Академијата и овие први обуки не се само проекти на Министерството, ие се прашање на иднина, прашање на држава, прашање на опстанок. Ако ги зајакнеме службениците, ја зајакнуваме државата“, додаде министерот.

    Тој се обрати и до сите службеници.

    „Знам дека многумина од вас со години работат без доволна поддршка. Знам дека понекогаш се чувствувате недоволно ценети, игнорирани или обесхрабрени. Но, верувајте, овие реформи се за вас. Овие обуки се за вас. Академијата е за вас. Ние сакаме да ви дадеме алатки, можности и услови да бидете подобри, посилни, поуспешни“, нагласи Минчев.

    Тој рече дека државата не се гради во парламент, ниту во влада, туку во секојдневната работа на административните службеници.

    „Вие сте тие што ја градите државата секој ден – со секој издаден документ, со секоја услуга за граѓанинот, со секоја постапка што ја водите. И ако сакаме силна држава, мора да имаме силна администрација. Денес ја градиме таа администрација. Денес ја создаваме таа иднина. Денес покажуваме дека реформите не се празни зборови, туку жив процес. Генеричките обуки се првиот чекор. Академијата е следниот. А целта е јасна – администрација која ќе биде гордост, а не товар. Администрација што ќе биде двигател, а не кочница. Администрација што ќе биде европска и во служба на граѓаните во вистинска смисла на зборот. Да не ја испуштиме оваа шанса“, порача Минчев.

    Тој посака да се изградат институции што ќе траат, службеници што ќе инспирираат и држава што ќе биде гордост на сите нас.

    Featured
    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

    18.09.2025 во 21:57

    Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

    18.09.2025 во 21:41

    Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција

    18.09.2025 во 21:21

    Мицкоски: Има основани сомненија за инспираторите за пожарите – одговорност ќе има

    18.09.2025 во 21:05
    последни вести
    Македонија

    Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

    18.09.2025 во 21:57
    Политика

    Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

    18.09.2025 во 21:41
    Политика

    Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција

    18.09.2025 во 21:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.