Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Иванден, раѓање на Свети Јован Крстител – Обичаи кои се пренесуваат со генерации

    Денеска е Иванден, раѓање на Свети Јован Крстител – Обичаи кои се пренесуваат со генерации

    07.07.2026 во 08:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните христијани денеска го празнуваат Иванден – празникот посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител, еден од најпочитуваните светители во христијанската традиција. Во македонскиот народ овој празник се одбележува со бројни обичаи, верувања и народни преданија.

    Свети Јован е познат како Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан, а како Претеча затоа што го најавувал неговото доаѓање. Тој ги повикувал луѓето на покајание и духовно подготвување за појавата на Спасителот.

    На Иванден именден празнуваат оние што го носат имињата Иван, Иванка, Јован, Јана, Јане и други имиња поврзани со светецот.

    Во христијанската вера Свети Јован има посебно значење, а Црквата му посветува повеќе празници. Во народната традиција тој се смета за заштитник на кумството и побратимството, што дополнително ја нагласува неговата важност во верувањата на народот.

    Иванден е празник во кој се преплетуваат христијанските традиции со старите народни обичаи поврзани со летната долгодневица. Особено место имаат обредите со билки, венци и огнови, за кои се верува дека носат здравје, заштита и благосостојба.

    Според народните верувања, вечерта спроти празникот се собираат различни растенија, меѓу кои и папратот, кој се смета за растение со заштитна моќ. Од билките се плетат венци кои се ставаат во домовите, дворовите и градините како симбол на здравје и заштита.

    Црковното предание сведочи дека Свети Јован бил син на Захариј и Елисавета. Неговото раѓање било чудесно, бидејќи неговите родители долго време немале деца. Според преданието, ангелот Гаврил му го најавил раѓањето на Јован на Захариј, кој поради сомнежот останал без говор сè до моментот кога го запишал името на детето.

    Откако пораснал, Јован живеел аскетски во пустината, а подоцна започнал да го проповеда покајанието и да го подготвува народот за доаѓањето на Исус Христос.

    Иванден останува еден од празниците со најсилно присуство во народната култура, каде што вековните обичаи и христијанската вера се испреплетуваат во едно заедничко празнување.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.