Close Menu
Press24
    Најново

    224 амандмани на маса: Расправа за ребалансот на Буџетот

    07.07.2026 во 08:06

    Нови лекови на товар на ФЗО – Клековски ќе ги разјасни дилемите за проширената позитивна листа

    07.07.2026 во 08:05

    Партиите повторно на маса: Нова рунда преговори за Изборниот законик во Собранието

    07.07.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 224 амандмани на маса: Расправа за ребалансот на Буџетот
    • Нови лекови на товар на ФЗО – Клековски ќе ги разјасни дилемите за проширената позитивна листа
    • Партиите повторно на маса: Нова рунда преговори за Изборниот законик во Собранието
    • Делови од Скопје неколку часа без струја – Најавени исклучувања
    • Температурите во пораст, доаѓаат потопли денови – Подгответе се и за невреме
    • Утре подгответе ги чадорите
    • Во ова се вози Јапонската Премиерка
    • Ѓорѓиевски: До крајот на мојот мандат БРТ ќе биде ставен во функција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 224 амандмани на маса: Расправа за ребалансот на Буџетот

    224 амандмани на маса: Расправа за ребалансот на Буџетот

    07.07.2026 во 08:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја отвора амандманската расправа за предложениот ребаланс на Буџетот, откако заврши општата дебата. На дневен ред се вкупно 224 амандмани поднесени од пратеничките групи.

    Најголем број измени предложила ДУИ со 87 амандмани, следуваат СДСМ со 78, Левица со 51 и коалицијата ВРЕДИ со осум.

    Според собраниските правила, расправата по амандманите може да трае најмногу десет работни дена. По нејзиното завршување, ребалансот ќе биде доставен на разгледување и гласање на пленарна седница.

    Во текот на општата расправа власта и опозицијата изнесоа различни оценки за предложените измени. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ребалансот ќе обезбеди дополнителен развоен импулс преку поголеми капитални инвестиции, нови инфраструктурни проекти и поттик за економскиот раст и вработувањето.

    Од друга страна, СДСМ оцени дека буџетските проекции се нереални и се темелат на преголем оптимизам, поради што, според партијата, нивната реализација ќе биде тешко остварлива.

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека измените не произлегуваат од проблеми со приходите или ликвидноста на државата, туку од потребата Буџетот да се приспособи на актуелните економски околности. Таа нагласи дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за исплата на повисоки плати во одредени сектори, поддршка за земјоделците, социјалните програми, општините и капиталните инвестиции.

    Според предложениот ребаланс, вкупните буџетски приходи се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е за 4,2 милијарди денари повеќе од првичниот план. Расходите се утврдени на 425,2 милијарди денари, а средствата за капитални инвестиции достигнуваат околу 46 милијарди денари, што претставува зголемување од 14,5 проценти. Владините проекции предвидуваат економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит од 4,1 процент од бруто-домашниот производ.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Нови лекови на товар на ФЗО – Клековски ќе ги разјасни дилемите за проширената позитивна листа

    07.07.2026 во 08:05

    Партиите повторно на маса: Нова рунда преговори за Изборниот законик во Собранието

    07.07.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.