Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: За десетина дена започнува поврзувањето на тунелот под „Лимак“ со бул. „Македонија“

    Ѓорѓиевски: За десетина дена започнува поврзувањето на тунелот под „Лимак“ со бул. „Македонија“

    06.07.2026 во 22:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, најави дека во наредните десетина дена започнуваат градежните активности за поврзување на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“, како и изградбата на кружни текови на влезот и излезот од оваа клучна сообраќајница за главниот град.

    „Во наредните десетина дена започнуваме со втората фаза, односно со изградба на тунелите за поврзување со подземната сообраќајница под ‘Лимак’, во правец од Центар кон Кисела Вода“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Пуштањето во употреба на подземниот булевар „Македонија“ под „Лимак“ е еден од врвните приоритети на градоначалникот Ѓорѓиевски и претставува капитален проект од исклучително значење за Скопје.

    Станува збор за инвестиција која ќе донесе вистински пресврт во централното градско подрачје, ќе придонесе за значително растоварување на сообраќајниот метеж и ќе овозможи побрзо, побезбедно и пофункционално движење низ центарот на градот.

    Градот Скопје во изминатиот период, со интензивна работа, ја комплетираше првата фаза од овој проект, која опфати проширување, адаптирање и подготовка на улиците што ќе ја примат очекуваната зголемена фреквенција на сообраќај кон подземната сообраќајница.

    Со забрзано темпо оваа пролет се работеше на булеварот „Борис Трајковски“, кај Рампа, на улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и на булеварот „Македонија“, кој се поврзува со следните фази од оваа траса.

    Со реализацијата на овој проект, Скопје добива современо сообраќајно решение кое ќе ја подобри мобилноста, ќе го намали притисокот врз централните улици и ќе овозможи подобра поврзаност.

    Во емисијата беа отворени и повеќе други теми од интерес на граѓаните, меѓу кои унапредувањето на јавниот превоз, реализацијата на градските капитални градежни проекти, справувањето со дивоградбите, реконструкцијата на фонтаните, подобрувањето на комуналната хигиена и одржувањето на градската атмосферска канализација.

    Градот Скопје продолжува со силна динамика во реализацијата на капиталните проекти што значат подобра инфраструктура, подобра поврзаност и пофункционален град за сите скопјани. Паралелно се работи и на клучката „Момин Поток“, булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија кон Драчево, мостот на „Љубљанска“ за поврзување на Бардовци со Карпош, како и мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој овозможува директно поврзување на Аеродром со Гази Баба. Станува збор за проекти кои ја менуваат сообраќајната слика на Скопје и создаваат основа за побрз, побезбеден и помодерен град.

    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.