Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува

    06.07.2026 во 21:41

    Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

    06.07.2026 во 21:25

    СДСМ: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектот „Македонија до просјачки стап“

    06.07.2026 во 21:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
    • Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
    • СДСМ: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектот „Македонија до просјачки стап“
    • ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
    • Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи
    • Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот Генерал Михајло Апостолски и ставањето во функција на Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
    • Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
    • Марк Руте: Европските членки на НАТО и Канада ги зголемија трошоците за одбрана на 4% од БДП
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува

    Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува

    06.07.2026 во 21:414 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција.

    – Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ревитализацијата биде целосно  завршена и кога јас ќе бидам безбеден со моето дете да се возам во неа, тогаш ќе дозволам да работи. Во спротивно, нема да дозволам ничиј живот да биде загрозен, на кој било скопјанец или на кое било дете во Скопје, поради несовесноста на службите во минатото, напомена Ѓорѓиевски во дневникот на ТВ Сител.

    Тој се осврна и на неодамнешното рушење на тобакото „Али“ кое беше лоцирано на тротоар на Бит Пазар, испраќајки порака дека целта на Градот е да нема дивоградби.  

    – Ноќеска е тргнато и она тобако што беше после тобакото „Али“, кое 15-тина години исто така оневозможуваше користење на велосипедска и пешачка патека. Мојот успех е во тоа – 15 години таму полицајци се удираа во пајаци, граѓаните беа оневозможени да функционираат нормално, низа сообраќајки имаше поради застанување на одредени возила и никој не можеше да го отстрани тобакото. Јас сум тој градоначалник што го отстрани тобакото. Може да има поделени мислења, но јас ја постигнав целта. Таму не постои веќе тобакото „Али“, не е блокиран преминот за патници. Од друга страна, целта ни е да се исчисти целиот тој потег, до крај и да биде нормална велосипедска и пешачка патека што граѓаните безбедно ќе ја користат. Тоа го правам за граѓаните и ќе успеам во тоа, потенцира градоначалникот.

    На прашањето дали ќе има постапки за големи, габаритни објекти кои се дивоградби, Ѓорѓиевски одговори дека со сите општини има склучено меморандум за соработка. 

    – Градежната инспекција е на општините. Со сите склучивме меѓуопштинска соработка во која ги нудам своите капацитети, на Градот, на јавните претпријатија, за да постапуваме. Секаде каде што ќе алармира одредена општина, каде што ќе има изготвено решение за отстранување одреден објект, колкав сака нека е тој објект, а станува збор за дивоградба, веднаш сме подготвени како Град Скопје да влеземе и да го решаваме проблемот, односно, да ја отстраниме дивоградбата. Моја должност е да ги отстранам сите објекти што зафаќаат јавна површина во надлежност на Град Скопје, без разлика дали се времени или цврсти, објекти покрај кои 15 години поминувале одредени градоначалници, но ја вртеле главата на друга страна, плашејќи се да погледнат натаму, а камоли да постапат. Ќе овозможам безбедни пешачки и велосипедски коридори за нашите сограѓани. Тоа го ветив во кампањата и така постапувам, подвлече Ѓорѓиевски.

    За дивиот пешачки премин, повтори дека разговарал со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, како и дека има две опции: да се обезбедат лифтови за надпатникот или тој да се  отстрани и да се направи регуларен пешачки премин, со семафори. Граѓаните кои биле консултирани, се за поставување регуларен пешачки премин, по сите стандарди.

    Во врска со минатонеделното невреме во Скопје, поплавените булевари и подвозници, како и капацитетот на атмосферската канализација, рече дека се генерално мапирани критичните точки. Суштината, според Ѓорѓиевски, е да се биде подготвен и брзо да се реагира.

    – За брзо време се справивме со предизвикот, со оглед дека беше огромна количината на дожд. За 40 минути веќе беше овозможено нормално функционирање. Беа стационирани повеќе цистерни на „Водовод и канализација“, но и на нашата Противпожарна бригада помогн да го решиме предизвикот. Влеговме подготвени во процесот. Факт е дека неколку точки се критични: булеварот „Србија“, каде што е извесно дека скоро ќе имаме решение, како и „Христијан Тодоровски Карпош“. Тоа беа две од трите точки каде што имавме сериозен проблем. И третата точка каде што реално не постои можност да најдеме решение зашто толкав е капацитетот на излезот на атмосферската канализација, е делот кај Ист Гејт што се поплави, објасни Ѓорѓиевски и оцени дека проблемот е во тоа што, кога се изработу

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектот „Македонија до просјачки стап“

    06.07.2026 во 21:00

    Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи

    06.07.2026 во 20:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.