Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектот „Македонија до просјачки стап“

    06.07.2026 во 21:00

    ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

    06.07.2026 во 20:38

    Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи

    06.07.2026 во 20:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектот „Македонија до просјачки стап“
    • ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
    • Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи
    • Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот Генерал Михајло Апостолски и ставањето во функција на Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
    • Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
    • Марк Руте: Европските членки на НАТО и Канада ги зголемија трошоците за одбрана на 4% од БДП
    • Затаен данок од над 2.3 милиони денари – Фирма од Скопје и нејзиниот управител ќе одговараат кривично
    • Малолетничка нападната среде ноќ од партнерот на нејзината мајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектот „Македонија до просјачки стап“

    СДСМ: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектот „Македонија до просјачки стап“

    06.07.2026 во 21:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на Христијан Мицкоски сака да биде запаметена по автопати и големи инфраструктурни проекти. 

    Но вистината е дека ќе биде запаметена по систематското ново задолжување и по политиката на изолација која ја спроведува., велат од СДСМ.

    Проблемот не се автопатите сами по себе. Проблемот е што оваа Влада секојдневно се задолжува. 

    Јавниот долг со оваа Влада веќе надмина 11 милијарди евра. 

    Само за две години криминалната Влада, која ја сочинува тендер коалицијата, се задолжи за 2,5 милијарди евра. 

    Продолжи со ново задолжување, меѓу другото и со заем од 260 милиони евра од странски банки, како и со претходно обезбедениот заем од една милијарда од Унгарија и Орбан под неповолни услови.

    Наместо да го намалува долгот, Владата го зголемува, додека во исто време најавува нови големи проекти.

    Додека Мицкоски се фали со автопати, неговата надворешна политика ја турка Македонија во длабока изолација. 

    Со блокираниот европски пат и со влошените односи со соседите, Македонија станува земја во која сè помалку луѓе ќе доаѓаат и од која сè помалку граѓани ќе патуваат. 

    Во таква изолирана земја, автопатите ќе бидат празни. Нема да има кој да се вози.

    Особено е жално што Мицкоски во овие изјави директно го копира Александар Вучиќ и по реториката и по моделот на владеење. Големи најави за инфраструктура, додека државата се задолжува, економијата стагнира, а граѓаните  осиромашуваат.

    Оваа Влада нема да биде запаметена по автопати. 

    Ќе биде запаметена по тоа што Македонија ја доведе до просјачки стап – презадолжена, изолирана и без визија за реалниот развој на граѓаните, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи

    06.07.2026 во 20:29

    Димитровска: Ребалансот обезбедува континуирани инвестиции во образованието, земјоделството и патната инфраструктура

    06.07.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.