Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спасовски: Со ребалансот капиталните инвестиции достигнуваат 46 милијарди денари

    Спасовски: Со ребалансот капиталните инвестиции достигнуваат 46 милијарди денари

    06.07.2026 во 17:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски кој оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува развоен, реален и финансиски одржлив документ, кој што е во интерес на граѓаните и државата.

    Тој нагласи дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат 46 милијарди денари, што е зголемување од 5,8 милијарди денари или 14,5 проценти во однос на првично планираниот буџет.

    „Со ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедуваме дополнителни средства  за капитални инвестиции кои достигнуваат 46 милијарди денари и се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, што е зголемување за 14,5% во однос на планираниот буџет. Средствата за платите и надоместоците се зголемуваат за 1,1 милијарда денари достигнувајќи 53,7 милијарди денари. Субвенциите и трансферите растат за 3,9 милијарди денари или 10,4%. Овие средства одат за земјоделство, железнички сообраќај, студентски и ученички стандард, породилно боледување, мој ДДВ и други приоритетни расходи. Социјалните трансфери растат за 2,2 милијарди денари“, рече Спасовски.

    Во своето обраќање, Спасовски истакна дека предложениот ребаланс обезбедува повеќе средства за инфраструктура, здравство, образование, социјална заштита, спорт и култура.

    „Ова значи дека овој ребаланс предвидува подобра инфраструктура, повисоки плати и пензии, подобро здравство, подобро образование, повеќе грижа за ранливите категории, повеќе за спортот и културата. Во патната инфраструктура продолжува реализација на коридорот 8 и коридорот 10Д и автопатот Скопје-Блаце, за кој денеска во Владата се потпиша договор и конечно македонска компанија ќе го гради овој автопат. Во железничката инфраструктура продолжува изградбата на источниот дел од железничкиот коридор 8, делницата од Бељаковце до Крива Паланка“, вели Спасовски.

    Тој додаде дека, според него, ребалансот има за цел забрзан економски раст и спроведување на фискална консолидација преку строга фискална дисциплина.

    „Овој Буџет е исклучиво реален и развоен со вклучена социјална компонента и има за цел остварување на забрзан економски раст и спроведување на фискална консолидација преку строга фискална дисциплина. Тој вложува во патишта, вложува во училиштата, вложува во студентите, вложува во општините, вложува во социјалната сигурност, вложува во економскиот раст на државата и најважно од се вложува во граѓаните“, истакна Спасовски.

    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.